Кошаркарите на Црвена звезда одбија да држат знаме во поддршка на Украина, Литванци им мавтаа со Нато знаме

Во натпревар од претпоследното коло во Евролига, последнопласираниот Жалгирис ја пречека белградска Црвена звезда и победи 103:98. Пред мечот домашните играчи држеа банер во боите на украинско знаме и натпис: „Стоп за војната“, а гостинските кошаркари одбија да учествуваат во тоа па цела сала свиреше.

„Не паметиме дека некој држеше југословенски знамиња кога нашата земја беше бомбардирана“, велат кошаркарите на Звезда и потсетија на мотото да не се меша политика со спорт.

Скандирања Фак ју Србија и мавтање со НАТО знамиња.

Литвански навивачи мавтаа со НАТО знамиња кон гостинските навивачи а во еден момент и ги нападнале на трибината зад клупите:

4 април 2022 - 10:47