Во средата се случи тоа за што се зборуваше уште од почетокот на април - Вимблдон станува првиот индивидуален тениски турнир кој ги отстранува играчите од Русија и Белорусија поради воениот конфликт во Украина. Сеанглискиот лаун-тениски клуб (AELTC) ја потврди информацијата објавена во The New York Times, со извор од анонимен висок тениски чиновник.
„Од лица во AELTC и управувачкиот комитет на турнирот во ова страшно и тешко време изразуваме поддршка за сите настрадани од конфликтот во Украина. Ние ги споделуваме сеопштите осуди на дејствијата на Русија и ги анализиравме нашите обврски пред играчите, тениската јавност и британската заедница.
Исто така внимателно ги следиме указите во однос на спортски манифестации од британските власти. Со оглед на високиот статус на Вимблдонскиот турнир во Велика Британија и во цел свет, ние сметаме дека е задолжително да земеме учество во ограничувањата на глобалното влијание на Русија. Би било неправедно да му се даде на рускиот режин можност да се самопотврди на сметка на руските и белоруските учесници на Вимблдон. Затоа со длабоко жалење соопштуваме дека нема да допуштиме играчи од Русија и Белорусија на турнирот 2022“, вели анонимен висок чиновник од организацијата на Вимблдон.
Ова беше очекувано зошто уште на почеток на април британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон јавно предложил да се отстранат само Русите и Белорусите кои нема да приложат доказ дека не ја поддржуваат властите во нивните земји.
Самиот AELTC првично одговори на оваа идеја дека такво нешто би им направил проблем на семејствата на тенисерите.
Примерот на Вимблдон го следат сега сите британски помали турнири, организирани од националната тениска асоцијација LTA, односно тенисери од Русија и Белорусија нема да им биде допуштено да играат на британската сезона на трева (но за руските и белоруските тенисери и тенисерки уште се и натаму отворени турнирите во Германија, Холандија, Италија и Шпанија).
ВИМБЛДОН СО ОДЛУКАТА ГИ КРШИ ПРАВИЛАТА НА СВЕТСКАТА ТЕНИСКА АСОЦИЈАЦИЈА
Според изјавата на шефот на WTA, Стив Сајмон, постојат членови во правилникот на и правилата на Гренд Слем кои велат:
1. Гренд Слем турнирите се отворени за учество на сите играчи од сите земји, ако нивниот рејтинг биде до 500 на листата. Играчите се оценуваат само по нивните спортски резултати и не можат да бидат дискриминирани никако поинаку освен по критериуми на WTA.
2. Сите отворени турнири се отворени за сите тенисери и тенисерки а селекција се врши само според спортски показатели без дискриминација. Единствено дозволено ограничување наведено со овие правила е посебната, старосна граница (возраст) и насоки за пол.
И WTA и ATP категорично ја осудија одлуката на Британците.
„Дискримнацијата по национална основа го наршува нашиот договор со Вимблдон според кој единствен критериум да се допушти учество на играч на турнирот е неговиот рејтинг. Сметаме дека е многу важно да се напомене дека играчите од Русија и Белорусија ќе продолжат да настапуваат на ATP турнирите под неутрално знаме, тоа е позиција која до сега ја делеше целата тениска заедница“
„Ние сме горди што нашиот спорт е заснован на принципите на натпреварување и праведност во однос на кои играчите добиваат право да настапат на турнирите во зависност на својот пласман. Затоа одлуката на Вимблдон и LTA ја сметаме за неправедна и опасна за во иднина“, велат од двете најголеми светски тениски федерации.
Оваа дискриминаторска одлука значи и дека без учество во квалификациите и главниот тур на Вимблдон ќе останат:
Бр. 2 на светска ранг листа ATP - Даниил Медведев
8. ATP Андреј Рублев
26. ATP Карен Хачанов
30. ATP Аслан Карацев
44. ATP Иља Ивашко
4. WTA Арина Соболенко
15. WTA Анастасија Пављученкова
18. WTA Викторија Азаренко
26. WTA Дарја Касаткина
29. WTA Вероника Кудерметова
31. WTA Људмила Самсонова
39. WTA Екатерина Александрова
59. WTA Александра Саснович
73. WTA Варвара Грачева
75. WTA Ана Калинскаја
95. WTA Камила Рахимова
100. WTA Вера Звонарева