Малиот Војдан е дете со церебрална парализа. Предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома. Војдан заради рехабилитација од церебрална парализа, на 6 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција.
И покрај убавината и посветеноста да го одржи изгледот, одбивала да позира за портрети кога наполнила 32. Била позната по јавањето и шетањето во јавност со чадор со кој го покривала лицето.
Сè си има - внимателно истражен и остварен универзум, хумор, порака, пластично, ин-јор-фејс, еве-уште-еднаш-за-тие-што-не-сфатија прикажување на борбата со патријархатот. Дали е тоа затоа што филмот е и за деца, па да сфатат, или затоа што тоа е едноставно стилот на Грета Гервиг?
Во моментов нема поглупо од документарната серија за принцот Хари и Меган Маркл на Нетфликс. Меѓу себе се викаат Х и М (Ејч ен Ем, бе!), нонстоп се нешто запипани, те за раце, те него му е раката околу неа, сакаат да нè убедат дека нивната љубов е нешто посебно и генерално се досадни. Точно парот во друштво што сите некако забораваат да го викнат затоа што ќе отечат и нема да престанат да ги почнуваат речениците со „Ние“. „Ние го гледавме...“, „Ние мислиме дека...“, „Ние какавме...“
Мијуча Прада е еден од највлијателните и најенигматични дизајнери на нашево време. Речиси четири децении нè части со нејзината умешност за креирање трендови, а со нејзиниот ЦЕО партнер Патрицио Бертели го има трансфомирано малиот семеен бизнис во една од најпознатите модни куќи во светот, вредна повеќе милијарди долари.
Кадиров, владетелот на Чеченија има син кој ете вежба и активно боксира. По некоја случајност во Грозни се одржува боксерски турнир на кој настапува малиот Кадиров, против извесен Аслан Битиров. Мечот завршува во втора рунда со победа на Кадиров, која изгледа како што звучи. Победникот е во црно и златно.
Глазгов, околу 1914 - нервозата во халата Сент Ендруз расте. Јата суфражетки и полицајци ја чекаат најважната жена во тој момент, Емелин Панкхерст да се појави, а потоа и да се бори против сопственото апсење. Тензијата е толку густа што може да се сече со нож. Или да се скрши со карате-потег, како и во концептот што го имало тајното женско друштво на феминистки, The Bodyguard. Умни и во корсети - можеле да превртат маж како палачинка.
Џордан Пил досега се има докажано дека има осет за хорори, до тој степен што се осмели да преправа „Зона на самракот“, иако не најсреќно, но сепак: После „Ние“, „Бегај“ и „Ловци“, веројатно може да му се верува.
Во 1982, во Шанел, тогаш модна куќа - еквивалент на стара аристократка, влегува Лагерфелд кој во тоа време работи и за Клое и за Фенди. Иако Шанел е куќа на иновации, во тој период станува досадна и буржоаска, па Лагерфелд сфаќа дека ѝ треба лифтинг и создава пример за креативен директор што се следи до ден денес.
Почитуван Трендо, почитувана редакција.
И јас напишав состав „Како го поминав летниот распуст“. Ама пошто сум голем и неодам на училиште нема пред кој да го прочитам и немам наставничка да ми го отцени. Така да ви го испраќам вас, па вие прочитајтего пред цел “клас” и отценетеме. Се надевам дека нема да заигра црвеното стило!