Ја знаете приказната за Боби Данбар?

Боби Данбар бил киднапиран, па пронајден, но вратеното дете не било Боби.

На 23 август, 1912 година, семејството Данбар одлучува да се разлади на езерото Свејзи во Луизијана, а бидејќи повеќе било мочуриште отколку езеро, вриело од алигатори. Во еден момент, ноќта додека семејството спие по шатори, Боби Данбар, четиригодишниот син залутува и исчезнува, со тоа покревајќи осуммесечна потрага.

Луизијански весник од тоа време ја покрива потрагата:

„Откако исчезнал, потрагата довела до брегот на езерото Свејзи... Прво се плашеа дека се удавил, но езерото не покажа никакво тело, а капата на момчето беше пронајдена недалеку од езерото околу ден подоцна.“

Надежта дека ќе го најдат се трошела, но гратчето продолжило да бара, со понуди за парични награди еднакви на денешни 125.000 долари за било каква информација што би водела до него.

На 13 април, 1913, полицијата конечно го наоѓа малиот Боби Данбар жив, на пат со скитник со име Вилијам Кантвел Волтерс во Мисисипи.

Само што - семејството не го препознало.

Без разлика на реакцијата на семејството, полицијата нашла детали за препознавање како белези од раѓање и утврдила дека се работи за Боби. Градот славел и покрај сомнежите на семејството Данбар.

Во меѓувреме, обвинетиот киднапер Вилијам Кантвел се бунтувал против неговото апсење, тврдејќи дека детето е вонбрачен син на брат му и неговата слугинка. Џулија Андерсон (на сликата), жената што тврдела дека му е вистинска мајка на Боби, го посетила семејството Данбар за да си го земе наводниот син, Брус Андерсон. Откако го видела детето, тврдела дека е всушност Брус, а не Боби. После јавно судење, било одлучено дека Боби останува кај Данбар, а Џулија Андерсон ќе се врати во Мисисипи.

Години подоцна, внуката на Боби Данбар, Маргарет Данбар Катрајт, добива албум со исечоци за мистеријата околу идентитетот на нејзиниот дедо. Се здружува со Линда Травер, внуката на Џулија Андерсон, и двете почнуваат да трагаат по вистината. Откако ќе открие писма и судски документи, Маргарет Данбар Катрајт го убедува татко ѝ да даде ДНК примерок за конечно да се заврши мистеријата. Примерокот потоа бил спореден со на помладиот брат на Боби, Алонзо.

Тестот покажал дека „Боби Данбар“ не е истото момче што исчезнало кај мочуриштето во 1912. Сепак бил синот на Џулија Андерсон цело време.

Што се случило со Боби Данбар е сè уште мистерија, како и прашањето дали мајката и таткото Данбар знаеле дека детето сепак не е нивно.

12 јуни 2023 - 23:48