Императорката што имаше домашна теретана

И покрај убавината и посветеноста да го одржи изгледот, одбивала да позира за портрети кога наполнила 32. Била позната по јавањето и шетањето во јавност со чадор со кој го покривала лицето.

Елизабета од Австрија била посветена на изгледот и имплементирала бизарни техники за разубавување. Ретко јадела месо и живеела главно на млечни производи и јајца. Режимот вклучувал и секојдневни вежби со опрема и справи за вежбање што до ден-денес се изложени во нејзиниот музеј во Виена.

Дури и најситно здебелување било причина за пост што траел со денови - во еден момент тежела 43,5 кг, што за жена висока 172 цм е многу слабо.

Родена е во кралската баварска куќа Вителсбах, уживала во неформално воспитување и мајка ѝ и татко ѝ ја подржувале во истражувањата на природата и креативноста. За Франц Јозеф се омажила на 16 години и тоа ја втурнува во формалниот хапсбуршки начин на живот, за што не била ни спремна, ниту ѝ се допаѓало. Била ексцентрична и научена на авантура и креативност и тапиот кралски живот ја нервирал.

Сепак, не била оптимална комбинација на убавина и здравје - страдала од нарушување во исхраната и тешка депресија (или како што ја викаат во 19 век - меланхолија) како резултат на недостаток на стимулација од животот во палатата. Покрај ревносниот режим на вежбање, практикувала и неколку захтевни рутини за убавина.

Посебно внимание ѝ обрнувала на несекојдневно долгата коса и секој ден поминувала по три часа на неа. Не носела шминка, наместо тоа ставала креми направени од китово масло, восок и ружина вода. Спиела со сирово месо и згмечени јагоди на лицето, а ноќниците ги потопувала во оцет во обид да го зачува малиот струк. Нарачала да ѝ се инсталираат тајни скали во една палатите за тајно да може да јаде во кралската кујна без никој да знае.

И покрај убавината и посветеноста да го одржи изгледот, одбивала да позира за портрети кога наполнила 32. Била позната по јавањето и шетањето во јавност со чадор со кој го покривала лицето.

На пат во Женева во 1898, Елизабет била прободена во срцето од италијански анархист со име Луиџи Лукени. Како императорка се задржала најдолго од сите во Австрија - 44 години.

Филмови за неа почнуваат од 1921 па наваму, најпозната е трилогијата со Роми Шнајдер.

4 април 2024 - 11:06