Прва победа на Наполи против Јувентус во Торино после цели 20 години, прв пехар после 22 години, враќање во Лига на шампиони, пројдена група со Баерн Минхен, Сити и Виљареал и за малку чудо против силниот Челси. После десет години Мацари изгледа се враќа во Неапол.
На стадионот „Роѓени“ во Мостар синоќа се одиграло градското дерби меѓу Вележ и Зрињски. За едните навива воглавно босанската етничка заедница во градот за другите хрватската. Мечот поминал во напната атмосфера, домаќините на крајот победиле со 3-0 но натпреварот бил неколку пати прекинуван. Еднаш поради тоа што домашните навивачи извадиле знаме на кое биле исцртани симболи на кукаст крст, усташки симболи и Давидова ѕвезда па после знакот еднакво е нацртан машки полов орган.
Манчестер Сити со 3-0 го победи швајцарски Јанг Бојс кој немаше шут на голот на ривалот. Во еден момент Џек Грилиш се загледал во гостинските навивачи пред нивниот сектор.
Фудбалерите на дански Копенхаген направија најголемо изненадување во 4. коло од Лига на шампиони откако на својот стадион се вратија од 0:2 против Манчестер Јунајтед и на крајот славеа во меч со дури 7 гола. Хари Кејн го скрши отпорот на Галатасарај со два гола, а Реал и Интер се пласираа понатаму.
Европскиот шампион Манчестер Сити рутински со 3-0 го испраши швајцарски Јанг Бојс и заедно со РБ Лајпциг од оваа група обезбедија пласман понатаму. На мечот кој го реши Халанд со два гола, гостинскиот стопер од Гвинеја Мохамед Али Камара водеше битки со Норвежанецот а на полувреме му го побара дресот.
Во четвртото коло од групната фаза во Лига на шампиони, во дербито на вечерта Милан со пресврт го совлада ПСЖ 2-1, Атлетико Мадрид до врв ја наполни мрежата на Селтик, а Манчестер Сити и Лајпциг ги оправдаа фаворитските улоги.
Светски славниот глумец раскажува како еднаш додека бил на гости кај родителите и роднините на жена му која е Аргентинка, разбрал дека има фудбал, игра Бока и побарал од вујкото на сопругата да отидат.
Аргентинските навивачи докажано се најверни на светот. Го покажаа тоа и минатиот викенд кога околу 100.000 пристигнаа во Рио де Жанеиро да ја бодрат Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес против Флуминенсе. И покрај тоа што место на трибините имаше само за 30.000 следбеници на Бока, другите дошле да бидат поблизу до клубот. Некои го следеле мечот од фан базата на Копакабана.
Шкотска - Англија, 30 ноември, 1872-ра година. Тогаш се случува револуцијата со првиот судија на фудбалски натпревар. Каков бил? Голем, дебел и непристрасен. Немал свирче, туку бело марамче.
Македонскиот напаѓач не застанува и стигна до гол број 10 сезонава во Шкотска на сите натпреварувања. Абердин ќе игра финале во Лига Купот откако го совлада Хибернианс со 0:1 со голот на Миовски во 78-ма минута, кој го претрча пола терен и го матираше голманот за голема победа.
Иако до стартот до Европското има уште два месеци и кусур, ЕХФ почна да ја загрева атмосферата, а од македонскиот национален тим објави феноменална одбрана на Митревски против Португалија, која инаку се претвори во асистенција.
Во мега дербито на бразилскиот фудбал, лидерот на тамошната Серија А Ботафого и второпласираниот Палмеираш одигаа луд натпревар со дури седум гола. Домаќините водеа 3-0 во 36’ минута а Палмеираш славел на крај 3:4 со комплетен пресврт во 90+9’ минута. Ендрик, 17-годишниот фудбалер кој од следната година оди во Реал Мадрид, постигна два прекрасни гола.
Се работи за сезоната 2003/2004 во Анкона, кога Горан имал 20 години и имал слаба минутажа, па кај тренерот ургирал 10 години постариот од него Милан Рапаиќ кој му бил цимер и кој го отрул со цигари во соба.
Саудиска Арабија стана топ тема за фудбал после мега офанзивата на купување ѕвезди од Европа. А таму само што заврши еден сè уште релативно тазе голем светски настан, за кој малку се пишува кај нас. Тоа се таканаречените World Combat Games на кои се вееше македонското знаме. Плус освоивме бронзен медал.
Со присуство на тренерот на екипата Руди Гарсија и неколку играчи, стотина тифози на шампионот Наполи дојдоа пред легендарниот мурал на Диего Марадона на плоштадот Сан Џовани каде го одбележале датумот на неговото раѓање 30. октомври.
Осумкратниот освојувач на Златната топка не може да дише од луѓе. Освен личниот телохранител, овде не се знае уште колку се обезбедување за да стигне читав до комбето.
Најдобриот светски тенисер на денешницата деновиве ужива во прекрасниот Париз каде го чека турнир од серијата 1000. Новак доби специјална покана и за свечената церемонија на Франс Фудбал каде ја прогласи најдобрата женска фудбалерка за минатата година, а гостувал и на еден француски канал.
Во купот видеа направени од пристигнувањата на ѕвездите на свечената церемонија во Париз, на доделувањето на Златната топка, пазете го пречекот на фановите за Мбапе, Бекам и Ѓоковиќ, а потоа за Стоичков. Пусти Христо ниту некој му довикна, ни фотка, ни автограм. А Златна топка има освоено.
Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.
Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Бостон Селтикс се единствени непоразени тимови на стартот од новата НБА сезона. Лука Дончиќ со своите Мавс синоќа со 125-110 го урна Мемфис Гризлис кој има катастрофални 0-4, а Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 110-102.
Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.
Разликата е неспоредлива. Да почнеш со 13 голови на првите 13 меча во еден Реал Мадрид, на само 20 години и да решаваш натпревари како Ел Класико, тогаш јасно е дека се работи за посебна приказна. Младиот Џуд почна да ја испишува импресивно и да се наметнува како сериозен играч кој ќе граби по трофеи и награди.