Нови фантастични изданија на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ

Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Бостон Селтикс се единствени непоразени тимови на стартот од новата НБА сезона. Лука Дончиќ со своите Мавс синоќа со 125-110 го урна Мемфис Гризлис кој има катастрофални 0-4, а Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 110-102.

Денвер Нагетс има 4 победи на 4 меча во новата сезона. Шампионот игра доминантна кошарка, а и синоќа ги предводеше МВП на минатосезонското финале Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец запиш нов трипл-дабл, 107 во кариерата. Никола постигна 27 поени (12/16 од игра), 11 асистенции и 10 скока за нов чудесен трипл-дабл.

Јокиќ беше на паркетот 35 минути и со учинокот се израмни на вечната листа со Леброн Џејмс и Џејсон Кид кои имаат исто 107 трипл-дабл учиноци. Покрај Србинот, голем удел во триумфот имаше и Арон Гордон со 21 поен и седум скока и Џамал Мареј со дабл-дабл учинок од 18 поени и 14 асистенции.

Кај поразените „џезери“ одличниот Финец Лаури Марканен уфрли 27 поени и запиша 14 скока со пет асистенции. Вокер Кеслер додаде 22 поени и 13 скока.

Лука Дончиќ за 40 минути колку што беше на паркетот постигна 35 поени (11/22 за два и 6/12 за три), имаше 12 скока и 12 асистенции. Капитенот на Словенија одигра уште една сјајна партија и заслужено неговиот Далас е непоразен досега на три меча во новата сезона. Тим Хардавеј Џуниор постигна 21 поен а 22 додаде Дерик Џоунс.

Мемфис Гризлис го има најслабиот старт на сезона со 0-4 порази уште од 2004-та година. Синоќа Џексон и Бејн постигнаа по 30 поени а Маркус Смарт додаде 23.

31 октомври 2023 - 09:17