Пандев раскажува пикантерии пред првиот гол во Серија А

Се работи за сезоната 2003/2004 во Анкона, кога Горан имал 20 години и имал слаба минутажа, па кај тренерот ургирал 10 години постариот од него Милан Рапаиќ кој му бил цимер и кој го отрул со цигари во соба.

На Хрватот не му бил битен резултатот, туку нашиов да не го засрами, а тој на повикот одговорил со голчиште и тоа со Паљука меѓу стативите.

До каде оди страста на Наполитанците за фудбал

Мобингот на Лотито кој му праќал навивачи пред куќа да му вршат притисок и кој сакал пола договор да му го вметне на црно.

Феноменот Мурињо

Целата емисија може да ја гледате во недела во 18:30 на Канал 5 телевизија.

 

2 ноември 2023 - 08:35