Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

Изненадувањето на вечерта на церемонијата на која се доделуваат најпрестижните фудбалски награди во светот беше тенисер.

Новак ја додели наградата за најдобра фудбалерка на годината и привлече големо внимание кај фановите и медиумите.

Прекина разговор во живо за да се поздрави со Меси, освојувачот на осмата Златна топка со кого имаат голем меѓусебен респект.

Ѓоковиќ потсети дека е голем фудбалски навивач и дека пораснал со овој спорт, со кој инаку татко му се занимавал професионално.

Ја потсети јавноста дека клуб број 1 во срцето му е Црвена Ѕвезда и дека е навивач и на Милан.

Standing ovation за Меси и осма Златна топка

31 октомври 2023 - 09:28