Ѓоковиќ на француска тв: „Се надевам еден ден со Надал ќе пиеме пијалак на плажа“

Најдобриот светски тенисер на денешницата деновиве ужива во прекрасниот Париз каде го чека турнир од серијата 1000. Новак доби специјална покана и за свечената церемонија на Франс Фудбал каде ја прогласи најдобрата женска фудбалерка за минатата година, а гостувал и на еден француски канал.

„Најголем предизвик е да се победи Рафа на Ролан Гарос, тоа е неговиот дом. Немам позитивен резултатот против него на тоа место, но генерално одиграв многу прекрасни и историски натпревари. Тој е посебен играч за мене, за мојата кариера, за мојот развој како тенисер“, изјавил Новак и додал дека не се другари со Шпанецот:

„Не сме другари, но многу се почитуваме. Се надевам дека по крајот на кариерата ќе може да се напиеме неколку пијалаци на плажа и да муабетиме за животот со помалку стрес“, рекол српскиот тенисер.

Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

 

31 октомври 2023 - 14:05