На 15 јуни во конференциска сала во зградата на НАТО во Брисел американскиот министер за одбрана, Остин Лојд, пред сите присутни бара објаснување од украинскиот министер за одбрана околу одлуките што се носат во првите денови од контраофанзивата, и посебно зошто не се користи западната опрема за чистење мини за да се овозможи поголем напад на оклопните единици или да се користи чад за криење на нивниот напредок.
Од јуни месец Зеленски на маса го има предлогот на украинската армија за мобилизирање на дополнителен број Украинци во вооружените сили. До сега тој го издржува притисокот на војската да го потпише истиот.
Маријана Буданова, сопругата на првиот човек на украинското воено разузнавање (ГУР), Кирило Буданов, била отруена, објавува Киев индепендент пренесувајќи информација претставник на ГУР кој останува анонимен до официјално соопштување на информацијата.
За пет месеци контраофанзива Украина успеа да напредува само 17 километри. Русија 10 месеци се бореше околу Бахмут за да освои град „шест на шест километри“. Првиот човек на украинската војска призна дека војната е во ќорсокак.
Ако во Втората светска војна палење цигара во ров ноќно време беше речиси сигурна егзекуција од непријателски снајпер, на фронтот во Украина тоа е палење мобилен и врзување на ближната мобилна антена.
Ако Русија на толку бомбардирање на Киев ништо посебно не го наруши функционирањето на главниот град и украинската влада, тогаш Украина уште помалку предизвика какво било посериозно пореметување во Москва. Дури Украина и да ги добие посакуваните ракети, тие нема да ја решат војната. Пресудно за војната е колку Украинци се подготвени да излезат на фронт.
Паралелно со успесите и неуспесите на руската ПВО на фронтот, руската војска тера посебна операција за откривање и уништување на залихите на западни ракети што се чуваат во Украина, на што се должат и се подлабоките напади на украинска територија.
Кога руската Дума го изгласа новиот Закон за мобилизација, првиот човек на Комитетот за одбрана на Думата, Андреи Картаполов, порача „овие амандмани се напишани за голема војна и за општа мобилизација, а мирисот на оваа голема војна веќе може да се почувствува.“
Ако на почетокот од војната употребата на касетни бомби од руската страна беше прогласено за „воено злосторство“, сега американската пратка на касетни бомби за Украина од истите луѓе се води како неопходна помош.
Најголемиот руски производител на воена опрема Ростек одлучи во еден од своите најголеми производители, Уралвагонзавод (УВЗ), да го суспендира производството на сите други производи од нивното портфолио и да се даде само на производство на тенкови.
Се работи за битката кај Мала Токмачка во која украинската 47-ма јуришна бригада и 33-та механизирана бригада се обидоа да пробијат преку минско поле што според Форбс завршило покатастрофално отколку што до сега се мислеше.
Неколку дена откако првиот човек на американскиот генералштаб порача дека Ф-16ките нема многу да сменат и дека Украинците треба да се крстат во ПВО системите, Блумберг објавува изјави на неколку американски воени пилоти кои јасно кажуваат дека руските ПВО ракети без проблем можат да ги решат Ф-16ките.
Од пакетот од 48 милијарди долари помош за Украина што демократите на мускули успеаа да го истуркаат во декември пред смената на власта во Конгресот, останати се уште 6 милијарди кои се очекува да траат до јули. Проблемот е што потоа?
Контраофанзивата (која по ново или е почната или не е почната или може да се почне ама многу жртви ќе има или...) во најдобар случај треба целосно да ја избрка Русија од Украина, во најлош да покаже дека ниту една од страните нема сила да стекне некаква предност. Процената на Блумберг е дека само оружјето нема да биде доволно за ваквиот подвиг.
Русите при своето повлекување есеноска од украинските пространства ги начичкаа нивите што ги напуштаа со илјадници нагазни мини, главно противтенковски. Бидејќи на украинските земјоделци им доаѓа сезоната за сеење, тие решија сами да почнат да ги чистат нивните од мини.
Фабрики за оружје од Бугарија кои заради ним познати причини и 30 години по распадот на СССР се уште имаат советска машинерија повторно ги враќаат во погон своите стари фабрички ленти од кои излегува нова советска муниција за старото советското оружје што го поседува Украина.
Една година од почетокот на војната човечките загуби што ги претрпува Украина се видливи и присутни во секој украински град или село, меѓутоа и покрај тоа Киев одбива да ја открие вистинската цена во човечки животи за спротивставување на Путин.
Јуришот да се порази Владимир Путин добива сопствен опасен и безглав залет, исто како што беше во Ирак, пишува писателот и политиколог Панкаџ Мишра во колумна за Блумберг.