Земјоделци на југот од Харков свесни дека украинските екипи за деминирање ги немаат ни од блиску потребните капацитети за справување со масовното минирање на земјата, фатиле сами да го чистат теренот за орање.
Така сопственик на земјоделска компанија, во пример кој не е баш најпаметно да се следи, изработил деминирачки трактор, ставајќи му на обичен трактор дополнителен оклоп собран од уништените руски тенкови и уште нешто плус опрема која би требало да ги активира мините кога ќе пројде преку нив.
Клучен дел од целиот систем е што тракторот е далечински управуван, а „возачот“ се наоѓа во корпа на багер паркиран во близина на нивата.
Кон крајот на април, премиерот на Украина објави дека околу 30% од територијата на земјата е минирана од страна на Русите.