Вележ од Мостар ја совлада Слога Добој во Купот на БиХ со 3:0, иако искрено не ни е јасно како. За да создадат услови за игра, царевите решаваат да го отсранат снегот со трактор, кој му влегува на теренот и го прави масакр.
„Едната е големо трпение и создавање играчи и резултатите ќе бидат неизбежни ако продолжиме вака да работиме. Втората опција е ако сакаме успех, да натурализираме 2-3 квалитетни играчи. Јас сум спремен и на двете опции“.
Кристијано Роналдо пред извесно време и Џеси Лингард во јануари, а и други отворено ја критикуваа тренинг базата на Манчестер Јунајтед за која велат дека заостанува светлосни години зад оние на Манчестер Сити и Челси.
Асоцијација на расен голгетер, убиствен шпиц кој се растури од голови во Вулверхемптон, Ковентри, Лидс Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем Јунајтед, ЛА Галакси, Астон Вила. Ирецот Роби Коин денес има 42 години и живее во САД, во Лос Анџелес од каде прати едно интересно видео.
Рома кашла на патот до место кое води во Лига на шампиони и голема е веројатноста да не го искористи моментумот кога Јувентус бодовно е казнет од италијанската фудбалска федерација. Римската волчица синоќа загуби 2-1 од давеникот Кремонезе кој неодамна сензационално ги исфрли и од Купот на Италија. Жозе Мурињо доби црвен картон, трет сезонава, за расправија со судиите.
Значи нема поголеми фанатици за фудбал во Италија од Наполитанците. Двајца браќа држат слаткарница и се среќаваат со Виктор Осимен за да му подарат торта која ја крстиле по него. Остај друго, него и бизнис прават со помош на хитот во Серија А.
Полјакот Марчин Олекси заслужено беше една од најголемите ѕвезди на синоќешната манифестација The Best на која ФИФА додели неколку награди за најуспешните од минатата година.
Очекувано, Лионел Меси заслужено и без ни најмала дамка ја освои наградата најдобар фудбалер на светот за минатата година која што ја доделува ФИФА. Лео лесно и убедливо победи 30 кандидати за играч на годината, а во краткиот говор на свечената сцена во Париз на своите деца кои гледаат им порача: „Им праќам бакнеж на моите деца Тиаго, Матео и Чиро, кои гледаат сега и кои ги сакам. И одете на спиење сега, ајде“.
На мечот Црвена звезда - Алба Берлин во рамки од 25. коло во Евролига кој гостите го добија со резултат 87:72, домашнот центар Филип Петрушев го имаше најдобро забивање на колото, преку 224-сантиметри високиот тешкаш Крист Куманџе. Петрушев откако доби асистенција, тргна кон обрачот и со две раце силно заби преку џинот пред себе.
ПСВ ја победи Севиља дома со 2:0 во ЛЕ, ама не оди во осминафинале поради поразот на првиот дуел од 3:0. Очигледно најфрустриран беше еден цреп кој се симна од трибина и почна да го удира голманот на гостите Марко Димитровиќ. Експресно го суредија.
Португалската екипа Арука игра сосема пристојна сезона. После 21 коло во Примеира, седми се на табела со 8 победи, 6 нерешени и 7 порази. Освоиле досега 30 бода. Необично со овој тим е што примиле три најбрзи гола во португалската суперлига.
Синиша Михајловиќ денеска требаше да наполни 54 години. Дознајте за почетоците во неговиот прв клуб ФК Борово каде заиграл на 10 години, основното школо, првите импровизирани стативи, голот на кој останувал да вежба слободни удари после тренинг, додека другарите оделе да се релаксираат на базен.
Емилијано Мартинез делува како да е смотан колку што е висок. Во претходните неколку сезони направи ревија глупости, ги иритираше сите навивачи, сите обични љубители на фудбалот, па и своите. На Светското првенство се глупираше по освоениот пехар, но сега покажа и дека има голема хуманост во него.
НБА светот се спрема за најголемото шоу - натпреварот на сите ѕвезди. Во Солт Лејт Сити, за првпат после 1993-та година се собира кремот на најдобрата светска лига. Таму се и Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои ќе настапат за Западот, а на еден од тренинзите Лука погоди од пола терен со една рака.
Севиља со 3-0 го растури холандски ПСВ Ајндховен и со една нога е во осминафинале на Лига Европа. Андалузијците одиграа перфектен меч, а шлаг на тортата беше голот на Немања Гудељ за 3-0 во 55’ минута.
Младинците на Јувентус се пласираа во финалето на Купот на Италија за Серија Ц и подолните дивизии после победата над Фоџа на пенали. Претходно младите бјанконери во регуларните 90 минути го стигнале резултатот 2-1 од првиот меч. Двата гола ги дал 17-годишниот холандски стопер Дин Хујсен. Уште на рана возраст е висок 195 сантиметри а пред Јувентус играл во Малага. Роден е 2005-та во Амстердам и никогаш не играл за Ајакс.
Во пресрет на вечерашниот мега-дуел од 1/16 финале на Лига Европа, се потсеќаме на едно култно четвртфинале на Куп на Куп победници на 7 март 1984-та, кога Барселона пред повеќе од 80.000 гледачи го пречекува Манчестер Јунајтед. После две недели на реваншот Брајан Робсон прави чудо.
„Искрено, да се вратам 10 или 15 години наназад, не би инвестирал во првиот тим, туку само во помладите категории. Првата лига е црнило и катастрофа. Немате помош од Федерацијата, никаков маркетинг, цените на играчите се смешни. Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Ама ќе се бориме и ќе ги чекаме вистинските луѓе“.
Дваесет и осум годишниот фудбалер Обенг Реган кој доаѓа од Гана и кој во кариерата повеќе од 10 години игра во Хрватска (Интер Запрешиќ, Истра) и Србија (Напредок Крушевац, Чукарички, Младост Лучани, Панчево и сега Нови Сад), направил шоу на промоција во новиот клуб РФК Нови Сад. Како што е редот во секој клуб на светот, нов фудбалер на запознавање пее некоја песна пред соиграчите.
Тешко клише е муабетот дека само Жабарите се тегнат по терени. Да фатиме да направиме топ листа само од тоа што ние сме објавиле, ќе ни искочат едно 300 пацери од 30 лиги. Џонџо Шелви од Нотингем Форест го пратија на шиење после мечот со Фулам. Топката му ја дупна главата.
По погодоците против Сампдорија и Јувентус, Елиф Елмас го запишува и третиот гол за Наполи во 2023-та, вкупно шести сезонава. Само 9 минути откако влезе во игра против Кремонезе, го зголеми резултатот на 3:0. Наполитанците имаат +16 пред Интер кој утре и гостува на Сампдорија.