Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постхумно го одликуваше Михајловиќ со орден ѕвезда на Караѓорѓевиќ од прв степен, за посебни заслуги кон Република Србија и резултати постигнати во областа на спортот.
Орденот го прими неговиот син Душан на свеченост за денот на независноста на Србија.
Михајловиќ почина на 16 декември на 53 годишна возраст после долга битка со леукемија. Погребан е на 19 декември во Рим во присуство на многу луѓе од фудбалскиот свет кој му оддаде почит.
Легендарниот дефанзивец и доктор за слободни удари, остави голема трага во српскиот, југословенскиот и италијанскиот фудбал, а потоа градеше и успешна тренерска кариера.
Неговиот последен клуб Болоња која ја тренираше болен, на 20 февруари, денот на неговиот роденден ќе емитува серија посветена на него.
Составена е од пет епизоди од по 30 минути и ќе се оди на каналот ДАЗН. Го носи името „Ние сме заедно“, а содржината се однесува на неговата последна сезона во Болоња.
Приходите од серијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.