Рекорд за Гинис: Тимот што прима најбрзи голови

Португалската екипа Арука игра сосема пристојна сезона. После 21 коло во Примеира, седми се на табела со 8 победи, 6 нерешени и 7 порази. Освоиле досега 30 бода. Необично со овој тим е што примиле три најбрзи гола во португалската суперлига.

Во август лани од Брага примиле гол после 23 секунди. Во декември лани од Порто во 24-та секунда, а синоќа од Брага после 19 секунди од стартот.

21 февруари 2023 - 13:34