Конечно и една нормална вест за аргентинскиот голман

Емилијано Мартинез делува како да е смотан колку што е висок. Во претходните неколку сезони направи ревија глупости, ги иритираше сите навивачи, сите обични љубители на фудбалот, па и своите. На Светското првенство се глупираше по освоениот пехар, но сега покажа и дека има голема хуманост во него.

Емилијано Мартинез решил да ги стави на аукција ракавиците (потпишани, со негов автограм) со кои му го одбрани историскиот пенал на Кингсли Коман во големото финале на Мундијал против Франција и Аргентина стана светски шампион.

Цел на Мартинез му е да собере повеќе средства кои ќе ги донира за болницата Карахан од Буенос Аирес за деца кои имаат тешки и ретки болести.

Голманот Мартинез беше избран за најдобар голман на целото Светско првенство и ја доби наградата „Златна ракавица“. 

„Се надевам дека еден ден ќе ве посетам“, им порачал Мартинез на дечињата од Клиниката кога ги потпишувал своите ракавици.

Ракавиците на Емилијано Дибу Мартинез се ставени на аукција која ќе заврши на 3. март во 11 часот по аргентинско локално време. Почетната сума на аукцијата ќе тргне од 1.500 долари.

Имено Мартинез кој брани за Астон Вила, изминатиов викенд при резултат 2:2 си постигна автогол откако по шутот на Жоржињо топката се одби од пречката и од неговиот грб заврши во мрежата. На крајот „топџиите“ дадоа уште еден гол во последните секунди за конечни 2:4.

20 февруари 2023 - 12:16