Шах-мат и еврогол на Севиља во три потези

Севиља со 3-0 го растури холандски ПСВ Ајндховен и со една нога е во осминафинале на Лига Европа. Андалузијците одиграа перфектен меч, а шлаг на тортата беше голот на Немања Гудељ за 3-0 во 55’ минута.

Прво при резултат 1:0, Аргентинецот Луис Окампос постигна преубав гол:

А потоа, на асистенција со пета на Луис Окампос уште еден еврогол, овојпат на Гудељ како на флипери:

17 февруари 2023 - 10:05