Во време ва светска пандемија која целосно го искомпликува фудбалот и општо животот, како и по историскиот успех на Македонија, не можеше да се појави по епска фотографија од оваа.
Еден културен странски сајт решава да пишува за настарите јазици во светот кои и денес се користат и меѓу десетте најстари, го става и македонскиот. Бугарите веројатно почнале да им се бунат, ама овие им одговориле лабаво: примивме на знаење, бркајте работа.
„Македонски идентитет 1600-1920“, е збирка на документи од архивите низ светот, во кои недвосмислено е изразен или дефиниран македонскиот идентитет. Зад извонредно корисната и вредна колекција стои Марко Бојаџиски, наш човек кој живее во Прага. Ќе ви понудиме неколку извадоци а потоа одете лице место и одма букмарк.
„ВМРО, тое Македонија. А ВМРО не е Каракачанов. Ако некој има стадо овци, тој може да оди и да ги пасе. За тоа има и семејна традиција па може да стане прочуен овчар“.
Тоа е само една епизода нa овие историски 'малери на колото' кои го создадоа едно од ретките универзални гео-стратешки правила: ако на нeкој крстопат не знаеш што да правиш, само гледај што прави Бугарија и прави го обратното. Ама, не е ова статија само за Бугарите.
Шемата на изместување на институциите со политички манипулации не може да трае вечно. Бидејќи на крај, повторно ќе се најде некој Политико напис со кој на јавноста ќе и се објасни она што Скопје го крие од сопствените граѓани.
Мала отрезнувачка анализа и пресек на состојбата, за сите оние кои се надеваат дека витезот Трамп ќе ја раштрафи длабоката држава и со тоа ќе донесе правда на Балканот, кој реално е еден од најинтересните полигони за опасни експерименти на американските Демократи. Додуша авторот е од вториве (човек на Клинтонови) и овде не сите го памтат по добро, меѓутоа, знаете ли дека Вашингтон го гоштеваше Каракачанов како да е најнормален?
Погледнете го филмот кој уште необјавен, предизвика страшна паника во Бугарија и особено ги заболе нашите источни пријатели, до толку што на скопската премиера на Трето полувреме, еден луциден и шармантен промотер на филмот, проба да ги смири страстите со следниот дисклејмер: „Во снимањето на овој филм не е убиен ниту повреден ниту еден Бугарин“.
ЦСКА Софија после х години се пласираше во групна фаза на еден еврокуп. Вечерва во 1. коло од Лига Европа играа дома против Клуж и изгубија 0:2. Од клубот пред 1 недела најавија дека максимално 12.824 гледачи ќе можат да го следат натпреварот со почитување на мерките. Ама очигледно 12.000 дојдоа на една трибина па крцаше. Ни маски ни бутур.
Едно ама вредно место скокна македонската фудбалска репрезентација. Убаво е чувството кога се поминуваат соседите кои едно време по 50 места ни бегаа и јаче.
Да не рече некој дека одиме контра сè што доаѓа од Бугарија, еве да се придружиме со честитки кон овој нивен свечен настан на „откривање на прабугарската јурта“. Што е јурта, ќе праша некој наивен Словен. Зборот доаѓа од туркиските јазици и означува дрвена конструкција обложена со покривки, живеалиште за номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија. Мили наши соседи, ви посакуваме никогаш да не ги заборавите и да не се откажувате од своите корени.
Сажаљеваме ама така гласи оригиналниот наслов на овој бугарски ТВ прилог за репортажата на монтипајтоновецот Мајкл Палин од Бугарија. Со хроничен проблем околу авто-перцепцијата, нашите соседи се скандализирале што Палин кај нив видел многу Роми. Пошто тие себе се гледаат саде аристократи като Каракачанов и саде префинети като Борисов.
Веројатно ја знаете приказната за орелот и полжавот и за зачуденоста на првиот како вториов стигнал до него. Да ви покажеме како во македонски услови, басната може да се претвори во бајка. За некого.
Пред скоро две децении во Утрински весник се појави текст на проф. д-р Коста Пеев под наслов „БАН не го уважува меѓународниот славистички комитет“. Како и со голем број други статии објавени во медиуми кои во меѓувреме се згаснати, и оваа можете да ја пронајдете само со крајна упорност.
За да те почитуваат клинците на кои можеш да им бидеш дедо, не можеш само да бидеш строг со нив. Мора да изнајдеш начин на кој взаемно ќе се респектирате. Еднаш Дешам им пуштил современ рапер во автобус, тие му вратиле со баритон и класика од негово време.
Младинската У21 репрезентација на Бугарија одигра 1-1 на гостувањето кај Полска, а овој меч го одбележи супер-соло голот на Здравко Димитров, фудбалерот на Левски Софија кој направи дар мар во полската одбрана во првиот дел.
Во периодот кога ние ја пишувавме историјата во Крањ со Панчев, Чоко и цела таа банда, нашите соседи уште абер немале од репрезентативен фудбал, а прволигашкиот им бил бетер од селски. Но ете сме сега и тие и ние со шанси за историја, за која се потребни уште 180 минути.
Ептен се нервираме што сме доведени во ситуација да се нервираме околу Бугарија зашто никогаш и за ништо не вреди да се нервираш за Бугарија (Грција, Србија...). Ама пошто домашните квислинзи ни зачукаа договори кои им даваат посакувани резултати само на другите страни (добро, нам сега НАТО ни ги храни децата а и инвеститори нагрнаа), еве нè пак во историска дежаву ситуација одново да се докажуваме кои сме, што сме. Да попиздиш.
Во новото издание од Лига Европа ќе има 5 македонски фудбалери: Дарко Велковски, Милан Ристовски (Ријека), Адеми (Динамо), Елмас (Наполи) и Дени Илиев (Арсенал). Неколку интересни вкрстувања: Велковски и Ристовски против Наполи на Елмас.
Неговата ѕвезда е побледа, но нема да згасне кога ќе ги закачи копачките на клинец. Пандев е на некој начин како тврдината на Царевите кули што ја надгледуваат неговата Струмица, неуништлив доказ за долговечноста и прилагодувањето во разни околности.