Христофор Ѕавела за Каракачанов

„ВМРО, тое Македонија. А ВМРО не е Каракачанов. Ако некој има стадо овци, тој може да оди и да ги пасе. За тоа има и семејна традиција па може да стане прочуен овчар“.

Христофор Ѕавела е прочуен бугарски фолкорист, етнограф и поет кој почина пред две години. Слушнете го во поширок контекст за македонското прашање и за лицемерието на бугарската политика кон Македонија.

„Не може да тврдите дека сте мајка а да ги затворате вратите на детето,“ вели тој порачувајќи дека Бугарија мора да се соочи со реалноста.

„Тоа е создадена држава, ние треба да се сообразиме на тој факт и да водиме дијалог.  Ако јас сакам да се разберам со тебе, прво треба да седнам на масата и пред сè да те прифатам таков каков што си“.

 

7 ноември 2020 - 21:04