Сè што вечерва не очекувавте дека може да и се случи на Барселона, фудбалерите на Ливерпул успеаа да го изрежираат. Во фудбалот не постојат чуда, туку лудачки пресврти. Барса - Ливерпул 3:0. Ливерпул - Барса 4:0. Два меча се, тоа е тоа.
Денешниот ден со право е посветен за најголемиот на сите времиња според многумина. Интересна е сторијата околу неговите тетоважи и како првпат решил да се црта.
Додека ние гледавме и уживавме за време на возбудливиот меч од ЛШ, една група Македонци имаше привилегија господинот 600 голови да го гледаат во живо како го делка Ливерпул. Плус и голот му го снимија од трибина. Блазе си им.
Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.
Шпанскиот шампион Барселона е на чекор од големото финале во Лига на шампиони, откако вечерва на „Камп Ноу“ му одржа лекција по фудбал на Ливерпул. Боженствен гол на La Pulga од 30 метри.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.
Во саботата Хадерсфилд и дефинитивно ги изгуби сите шанси за спас во Премиер лигата, откако изгуби на гостувањето кај Кристал Палас. После 2008-ма година и Дерби, ова е најбрзо испаѓање во Чемпионшип - уште во април.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Секако дека споредбата со глупиот голман не е возможна затоа што Меси е најголема икона во историјата на Барселона, човек на кој му се може сè и башка не е голман па да мора да го менуваат пред пенали, но чисто за потсетување: 2014-та година, Барса - Еибар 3-0, Луис Енрике го вика Лео да излезе, а овој одбива па тренерот што ќе прави, го вади Нејмар.
Додека хулиганите живеат во некој свој глупав филм, на спортските терени приказната е поинаква. Барселона синоќа во ултра интересно финале на шпанскиот кошаркарски Куп го совлада Реал Мадрид. Додека славеа на паркетот, тренерот Светислав Пешиќ и Анте Томиќ си честитаа а Хрватот во шега праша: „Три пати“?
Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.
Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.