Го даде ли Барса синоќа најубавиот гол во сезоната?

Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.

Контакт со топката во оваа акција за 6-1 имаа: Алења, Видал, Пике, Суарез, Алба и Меси. Аргентинецот го постигна 10-от гол на 8 натпревари по ред:

Интересно, и покрај апелите на Валверде и Меси навивачите да дојдат во што поголем број, синоќа на „Камп Ноу“ од вкупно 99.000 седечки места, имало 58.000 гледачи.