Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурент во живо ги следеше последните два натпревари меѓу Олимпијакос и Монако за кого игра неговиот најдобар другар Мајк Џејмс со кого на времето играа во Нетс. НБА суперѕвездата беше сведок на навивачко лудило во Пиреја.
Пред големото дерби Ренџерс - Селтик (1:2), навивач на „келтите“ кој немал карта за ривалскиот стадион „Ајброкс“, решил да аплицира за работа во киоскот внатре на самиот стадион каде се продаваат разни сендвичи и пијалаци. Во еден момент додека бил „на работа“, а кога навивачите на Селтик влегле во делот обезбеден за нив, тој им се придружил на трибините и „дал отказ“.
Еквадор е во транс откако успеа да го обезбеди четвртото мундијалско учество во историјата и тоа пред селекции како Колумбија и Чиле. За дресот на Меси има нејаснотија.
Кога станавме толку плитки и ејџисти, да не можеме да замислиме дека една 44-годишна жена може да има хит на прво место на топ листа? Инаку, Тина Тарнер е жената. Песната е What's Love Got To Do With It.
Колку да нема забуни со насловот, Стефан Козлов е роден на 1 февруари 1998-ма во Скопје. Тој има руски родители, татко му Андреј Козлов е поранешен тенисер кој едно време работел во армија, а подоцна со семејството емигрирал во САД. Козлов-постариот сега е тренер на син му кој направи големо изненадување во Акапулко.
Креаторот Џош Вардл е „превозбуден“ што весникот ја презема интернет сензацијата и ветува дека таа ќе остане бесплатна. Некои од играчите се сепак скептични и стравуваат дека големата инвестиција вака или онака ќе треба да се врати.
Берлин е град на духови, а еден од најфасцинантните е Анита Бербер, високата свештеничка на декаденцијата - со исцрнети очи и црвени коси и усни, засекогаш запаметена низ четката на Ото Дикс, божица на кабарето и предизвикувачка на табуа со перформанси што кршеле граници и би шокирале дури и денес.
Шекил О' Нил важи за еден од најголемите хедонисти кои ги видела американската кошарка (Коби има кажано, да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња). Но, и над попот има поп. Грамадата вели дека никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.
Со голот на Чиро Имобиле во 106 минута, Лацио го елиминираше Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија. Хит клип на денот е судирот на тренерот на Лацио со гостински играч.
Навивачите на Челси беа во делириум по победата на нивниот тим над лутиот градски ривал Тотенхем и тоа на негов стадион на гости. Вилијан 2 пати го матираше домашниот голман, „сините“ освоија 3 важни бода а на крајот од мечот најмногу се израдува Френки Лампард.
Ова е како прошетка во парк. Судиите го гледаат и не реагираат. Тоа е кога сте крал, гласи еден од коментарите на Твитер за овој недозволен и несанкциониран потег на Леброн.
Донован Мичел, лидерот на Јута Џез и предводник на американската кошаркарска репрезентација на Мундијалот во Кина, пред неколку месеци имаше помалку чуден твит. Се заиграл фудбалче на Х-бокс и почнал да игра со Јувентус, ама како што новата ФИФА2019 доби забрана да го користи името на италијанскиот гигант кој потпиша договор со конкурентот PES, така Мичел не можел да го најде Јуве меѓу клубовите.
Фантастичен старт на Жозе Мурињо кој на деби мечот му донесе гостинска победа на Тотенхем по пауза од 11 месеци и тоа на дербито со Вест Хем 2:3. Погледнете какво акцииште врзаа и каков магичен пас изведе Деле Али.
Њујорчанката Мери Мекарти во знак на протест на сите тие слики на социјални мрежи со раче, прстенче и „Кажав да!” си го слика рачето без прстенче кај стигне. Царица.
Џек Лемон се бунеше во „Некои тоа го сакаат жешко” додека се шеташе (и се сопнуваше) на штикли, а Мерилин Монро отшета згодно - и, „како отелотворување на одредена верзија на женственоста - нежна, сексуализирана и во неудобна положба, а секако пријатна за (машки) очи.”
Додека нивните сопрузи напорно тренираат и даваат голови за своите клубови (Лестер и ДС Јунајтед), Ребека Варди и Колин Руни напорно работат на Инстаграм стори. Оваа вторава се чудела кој ги издава нејзините приватни работи во жолтиот англиски печат и на крај дознала.
Не се чекаше долго темпераментниот Маркус Морис да го направи првиот циркус како нов кошаркар на Њујорк Никс. На пријателската против Вашингтон Визардс во склоп на предсезонскиот период, Морис со баскет го удри по глава Џастин Андерсон па настана гужва.
Во Лига 2 во Англија, Лејтон Ориент со гол во 90+6’ минута го победи Мансфилд на гости со 2-3. Тренерот Рос Емблтон се занел во славјето со играчите, а еден редар мислел дека е влетан навивач па го тегнел назад.
Иако веќе неколку години се во или околу клубот, со кратки авантури во Париз и Лондон, Џиџи Буфон и Гонзало Игуаин мораа заедно со новите засилувања на Јувентус да отпеат песна - ритуал на иницијација во сите големи клубови.
Во продолженијата од мечот Гана - Тунис на Африканскиот Куп, селекторот на Тунис реши да го смени голманот Хасен за да го стави Бен Мустафа кој е подобар пеналџија. Хасен едно време се двоумеше дали да тргне по стапките на Кепа и да не напушта игра. Интересно, Мустафа одбрани пенал во серијата и Тунис пројде во четвртфиналето.