Во неколку Инстаграм постови, Плајн тврди дека Ферари се заканува со тужба, затоа што објавил фотографии од неговите патики на хаубата на неговата кола. Од Ферари велат дека однесувањето на Плајн „ја нарушува репутацијата на брендовите на Ферари и им предизвикува понатамошна материјална штета,” како да не си предизвикуваат самите штета на репутација со тоа дизајнот.
Во писмото што Плајн го добива од Ферари пишува и дека ги користи заштитените ознаки за „промотивни цели”, за да ја зголеми видливоста на неговиот бренд и производи, и дека сака да се рекламира на штета на Ферари.
Фотографијата инаку уште не е избришана, како ни другите што му се со коли, иако адвокатите на Ферари тврдат дека ќе поднесат тужба два дена по примањето на писмото.
Плајн ова го нарекува уцена и од следачите бара и тие да праќаат слики од нивните луксузни возила со патиките врз нив. Има направено и слајдшоу од тоа што му го имаат пратено. И вели дека не се работи само за неговиот бренд и италијанскиот автомобилски бренд. „Ова е битка за да можеме да објавуваме што сакаме на нашите приватни профили (сè додека тоа не предизвикува штета на некој друг)”.
Во однос на тоа како работите стојат правно, според The Fashion Law, Ферари може да има основа за тужба.
„Сопственикот на регистриран бренд во Италија има право да спречи други страни да користат слични или идентични трејдмаркови за идентични или слични производи или услуги. Со оглед на позицијата на обувките на Плајн на фотографијата, поточно, веднаш до логоата на Ферари и боите кои одговараат, потрошувачите би можеле да бидат наведени да помислат дека брендовите соработуваат или дека се на некој друг начин поврзани.”
Кармајн Ротондаро, независен правен советник на Плајн за обвинувањата на Ферари вели дека се „тотално неосновани”. Уште не знаеме дали Ферари ќе го оствари планот за тужбата, а и тоа не е главното прашање.
Главното прашање е - како бе им се вози таква кола?