Американскиот Конгрес изгласа закон кој му забранува на кој било претседател на САД (кхм, Трамп) да ги повлече Соединетите држави од НАТО без дозвола на Сенатот или Конгресот.
Предупредувањето доаѓа од првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, со амандман до членките на организацијата дека „треба да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња.“
Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Крвава безизлезна ситуација, или нешто полошо, станува поверојатна доколку Западот не сфати дека Киев мора забрзано да се приклучи кон Алијансата, порачува поранешниот потпретседател на британските Конзервативци, Мајкл Ашкрофт.
Џон Мершајмер го расклопува доминантниот западен наратив дека Путин и Русија во војната влегуваат со намера да ја освојат цела Украина, а потоа да продолжат со остатокот од Европа. Како што ќе објасни професорот, Германија тргна да ја освојува западна Полска со 1,5 милиони војници, што ќе направи Путин со неполни 200.000 против цела Украина?
Молневитата процедура со која Финска стана членка на НАТО на цел свет му покажа како глобална организација знае да биде супер ефикасна кога сака (нам ни покажа дека 30 и кусур години само нè малтретирале како шуги). Сега кога е во НАТО работите почнаа да се комплицираат.
Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.
Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.
Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.
Цената што НАТО ќе треба да ја плати за проширување на Алијансата е далеку поголема отколку користа што ќе ја има, предупредуваат двајцата автори од Като институтот во текстот за Форин полиси.
На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.
На руските сили што се борат во Украина им недостасуваат доволно напредни оружја и покрај тројното зголемување на производството, изјавил рускиот претседател за време на средба со новинари и блогери.
И годинава стандардно кандидатот за избор на нов генерален секретар на НАТО ќе биде од Европа, тоа што е нестандардно, ама има големи шанси да се случи, е лидерот всушност да биде лидерка. За ништо да не биде ни приближно решено, големи шанси да дојде на позицијата има и британскиот министер за одбрана, кој не е ЕУ, ниту е жена, а не е исклучено и Столтенберг да остане.
САД, заедно со Германија и Унгарија, се против притисоците од Полска и балтичките земји за поголемо поврзување на НАТО со Украина, па макар тоа било давање и план со чекори од Алијансата за Киев.
Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.
После оружје и пари, трето на списокот на желби на сите противници на руската инвазија во Украина е - Путин во Хаг. Истото го бара и Зеленски како услов за примирје со Русија, како и германската министерка за надворешни работи. Процената на Економист е дека тоа нема да го дочекаат.
Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.
Од вторникот секој политички или воен лидер кој ќе нареди инвазија на странска земја ќе се смета за виновен за агресија, и ќе подлежи на казна од меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Трамп ни приближно не е првиот Републиканец кој јавно ја преиспитувал потребата од постоење на НАТО, пишува Питер Беинарт во анализа за Атлантик, потсетувајќи дека членството во НАТО, за жал, нема клучна врска со демократијата во таа земја. Во име на некој нов грант за борба против 'сè помоќниот непријател', ги чекаме Борјан и Орданоски да го прогласат и Атлантик за руска пропаганда.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.
Халбе Зелстра своевремено тврди дека Владимир Путин пред него зборувал за руските експанзионистички амбиции за време на една средба во 2006. Во понеделникот холандски весник објави дека ваква средба никогаш немало. Денес, холандскиот шеф на дипломатијата си поднесе оставка.