Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
Во пресрет на првиот дуел од новата сезона во англискиот Чемпионшип, Вест Бромвич Албион ја претстави новата клупска маскота: човек-бојлер, после што навивачите се држеле за глава.
Во репрезентацијава на Аргентина летово нема да го видиме еден од најефикасните напаѓачи на светот а причините за тоа се од крајност во крајност. Некој смета дека Меси одлучува за сè кај „Гаучосите“ и дека поради тоа Мауро не добил повик.
Во Аргентина избил голем скандал откако тамошната фудбалска федерација им поделила прирачник на фудбалерите, стручниот штаб и навивачите за тоа како да се однесуваат во Русија. Во часописот пишува и како да им се додворуваат на Русинките.
Тој е ноќна мора за италијанската левица и партијата во подем „Пет ѕвезди“. Има еден куп кривични пријави за него, обвиненија и тужби а додека тој оди на рочишта, славниот Сорентино за него снима филм. На Берлускони му е интересно и без Милан.
Додека првиот е галамџија и сака да се пофали за тоа која девојка ја посетила неговата спална, овој вториов е закопчан до врат и на папараците им бега како на времето на стоперите. А бил позаебан играч од Бобо.
Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.