Доцна во ноќта, по пристигнувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од Мадрид, кошаркарите на Партизан кој одиграа уште една маестрална партија и го растурија Реал Мадрид со 15 поени разлика на гости (80:95) во меч кој го одбележа уличарска тепачка, стотина навивачи на белградскиот клуб ги пречекале своите миленици.
Место да биде кошаркарски празник, второто соочување на Реал и Партизан во четвртфиналето од Евролигата се претвори во улична тепачка. Србите слават нова голема победа, а Данте Егзум заврши со патерици.
Само шест месеци по филмот за „Благоја Георгиевски Буштур“, Македонската радио телевизија пријатно изненади со нова спортска содржина посветена на гордоста на чаирчани кога фудбалот се играл од љубов и за љубов. Го носел прекарот „Селтик од Чаир“.
Во 21:00 вечерва се игра големото дерби на Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал, натпревар кој е исклучително важен во трката за титулата меѓу овие два тима.
Милвоки Бакс одигра неверојатна регуларна сезона и со 58 победи беше убедливо најдобар тим пред стартот на плејофот. Но таму, во доигрувањето налетаа на страшниот Џими Батлер и Мајами Хит кои во моментов водат 3-1 и се на праг од полуфинале на Истокот. Батлер влезе во историските книги откако синоќа постигна 56 поени и буквално сам ги победи Бакс. Тој е четврти на вечната листа на рекордни поентери на еден плејоф натпревар.
Кошаркарите на Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс се на прагот од пласман во полуфинале на Истокот и Западот во НБА лигата. И двете франшизи стигнаа до трет триумф над Милвоки Бакс односно Мемфис Гризлис. Мајами со 119-114 го урна Милвоки во партија која што ја одбележа лидерот Џими Батлер со дури 56 поени! Рекорд во клупската историја на Мајами Хит кој не го поставил претходно ниту Вејд ниту Леброн Џејмс.
Многумина оправдано сметаат дека Немања Видиќ и Рио Фердинанд го сочинуваа најдобриот и најснажниот стоперски тандем во историјата на фудбалот. Двајцата беа како карпи во одбраната на легендарниот Манчестер Јунајтед каде Србинот дојде од Спартак Москва и имаше многу тежок почеток.
Фудбалерите на Наполи во голем стил ја привршуваат сезоната, со победа против омразениот Јувентус, остварена на гости во 93-та минута. Направија и генерална проба за прославата на титулата која следното коло може да ја освојат и математички.
Роналдо излезе на вечера со девојка му Георгина, за да го прослават нејзиниот 29-ти роденден. Сите прекинаа да јадат кога се појави. Ама тој ги изненади и ги начека спремен.
30-то коло во хрватскиот фудбалски шампионат го донесе голот на колото, неделата, месецот и сигурно кандидат за гол на сезоната. Емир Сахити од Хајдук, инаку поранешен играч на Работнички (2015-2018), на мечот против Вараждин постигна лепота од голчиште.
Германската Бундеслига сезонава е најинтересна во последните неколку години. Борусија Дортмунд имаше неколку зицери да му избега на Баерн Минхен на табелата но искористи само еден. Дали ќе биде доволен?
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и со 3-0 го торпедираше Шефилд Јунајтед во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Сите три гола беа дело на Алжирецот Ријад Марез кој ги однесе своите на мегдан со подобриот од второто полуфинале на Купот Брајтон - Ман. Јунајтед.
Манчестер Јунајтед не успеа да ја мине четвртфиналната фаза во ЛЕ против Севиља. Дома одигра 2:2, а на реваншот загуби 3:0 на свои грешки, недозволиви во нокаут фаза. Првиот гол на Шпанците им го подари Мегваер, а третиот Де Хеа. Хари не остана само на еден кикс. При вториот гол повреди свој соиграч. Неповторлив е.
Тренерот на Милан Стефано Пиоли после големиот пласман во 1/2 финале на Лига на шампиони, за мечот со Наполи изјави дека никогаш не издвојува поединци но дека Раде Круниќ бил неверојатен вечерта.
Поранешниот голман на Вардар беше во центарот на вниманието на мечот од Лига Европа меѓу Фуксе Берлин и Кадетен Шафхаузен кој германскиот тим го доби со 30:24. На едниот му падна со цело тело, а другиот го поткачи со нога во глава по што падна како покосен.
И покрај убедливите резултати во групната фаза и елиминацијата на ПСЖ од кој не примија ниту гол, Баварците останаа и без Лига на шампиони. На удар е управата.
Екипата на Интер во реванш мечот со Бенфика одигра нерешено 3:3 и со вкупен резултат 5:3 оди на мегдан со градскиот ривал Милан. Во исто време очајните резултати во Серија А како сенка висат над тренерот Симоне Инзаги.
Пред почетокот на дербито меѓу Атлетико Насионал од Меделин и Америка Кали кој требал да се игра синоќа на стадионот „Атанасио Хирадо“ во Меделин, имало неколку голем инциденти. Домашните навивачи незадоволни од цените на влезници, упаднале на терен и почнале да ја гаѓаат полицијата со заштитна ограда, монети, каменици и бакљи.
Кошаркарите на МЗТ Скопје убедливо ја совладаа Цибона после голем пресврт, а тимот од Аеродром во битка за опстанок во силната АБА лига сега чека Борац Чачак да изгуби од Будуќност за „штрковите“ да куртулат од испаѓање. На мечот одигран во петокот вечер во Скопје Цибона имаше 12 поени предност, за да во третиот период даде само пет поени а МЗТ дури 30.
РК Алкалоид има рубрика насловена како „На 7 метри со…“, во која јавноста може да дознае нешто повеќе за ракометарите. Како на пример како почнале со ракомет, кои им се идоли, како се мотивираат пред натпревар, хоби и сл. Да го чуеме пикерот Костадин Петров од Велес кој има 31 година и игра и за репрезентација.
Пеп Гвардиола пред неколку недели изјави дека Наполи е страшно јак, дека го имаат моментумот и дека се фаворит за освојување Лига шампиони. На тоа тренерот на Наполи Лучано Спалети некако намќоресто му одговори.
Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.