Наполитанците се во делириум после триумфот на Јувентус и синоќа решија да не спијат. Околу 10.000 навивачи ги пречекаа на аеродром јунаците на Спалети кои слетаа во 2:30 по полноќ.
Елмас и другарите се веќе во славеничко расположение и качени на кровот на клупскиот автобус ја доловија атмосферата со видеа на социјалните мрежи.
Колони со мотори одеа по нив, а капитенот Ди Лоренцо го зема мегафонот и уште толку ја запали масата.
На 7 кола до крајот на сезоната, Наполи има 17 бода предност пред второпласираниот Лацио, што значи титулата во Неапол може да се официјализира уште следниот викенд.
Ако Наполи дома го победи Кремонезе, а Лацио не го добие Интер на гости, Елиф Елмас на 30 април ќе го има Скудетото.
A quiet Sunday evening in Naples…#sscnapoli #napoli #scudetto #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/FzJ7xk24ow
— Calcio England (@CalcioEngland) April 23, 2023
Топка со очи на Елмас во 93-та за голема победа на Наполи против Јуве