Вечерва мега спектакл Сити - Арсенал, мегдан за титула

Во 21:00 вечерва се игра големото дерби на Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал, натпревар кој е исклучително важен во трката за титулата меѓу овие два тима.

Арсенал полека се подлизнува во трката за шампионски пехар со страшниот Манчестер Сити. „Топџиите“ ги разочараа навивачите со дури три нерешени натпревари по ред, нешто што не им се случило цел сезона. Испуштија важни бодови, особено во петокот кога едвај спасија жива глава со давеникот Саутемптон и по 1-3, во длабоко судиско продолжение едвај израмнија 3-3 и стигнаа до бод.

Во исто време Манчестер Сити со 3-1 го доби Лестер Сити и се приближи на 5 бода со 2 натпревари помалку од Арсенал.

„Граѓаните“ имаат и подобра гол разлика што на крајот од сезоната би можело да се испостави како клучен параметар во случај да имаат исто бодови со Арсенал.

Единствено нешто што во моментов му оди во прилог на лидерот е што Пеп Гвардиола и Сити треба да се спремаат и за страшен фронт во Лига на шампиони каде на мегдан во полуфинале ги чека шампионот Реал Мадрид, иако треба да се знае дека овие дуели се по завршување на Премиер лигата.

РАСПОРЕД ДО КРАЈ

Арсенал:

26 април - МАНЧЕСТЕР СИТИ - АРСЕНАЛ (Премиер лига)
2 мај - АРСЕНАЛ - ЧЕЛСИ (Премиер лига)
7 мај - ЊУКАСЛ - АРСЕНАЛ (Премиер лига)
14 мај - АРСЕНАЛ - БРАЈТОН (Премиер лига)
20 мај - НОТИНГЕМ ФОРЕСТ - АРСЕНАЛ (Премиер лига)
28 мај - АРСЕНАЛ - ВУЛВС (Премиер лига)

Манчестер Сити:

26 април - МАНЧЕСТЕР СИТИ - АРСЕНАЛ (Премиер лига)
30 април - ФУЛАМ - МАНЧЕСТЕР СИТИ (Премиер лига)
3 мај - МАНЧЕСТЕР СИТИ - ВЕСТ ХЕМ (Премиер лига)
6 мај - МАНЧЕСТЕР СИТИ - ЛИДС ЈУНАЈТЕД (Премиер лига)
9 мај - РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ (Лига на шампиони)
14 мај - ЕВЕРТОН - МАНЧЕСТР СИТИ (Премиер лига)
17 мај - МАНЧЕСТЕР СИТИ - РЕАЛ МАДРИД (Лига на шампиони)
21 мај - МАНЧЕСТЕР СИТИ - ЧЕЛСИ (Премиер лига)
24 мај - БРАЈТОН - МАНЧЕСТЕР СИТИ (Премиер лига)
28 мај - БРЕНТФОРД - МАНЧЕСТЕР СИТИ (Премиер лига)
3 јуни - МАНЧЕСТЕР СИТИ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (Финале на ФА Куп)

26 април 2023 - 12:44