Какво шоу на Ријад Марез

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и со 3-0 го торпедираше Шефилд Јунајтед во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Сите три гола беа дело на Алжирецот Ријад Марез кој ги однесе своите на мегдан со подобриот од второто полуфинале на Купот Брајтон - Ман. Јунајтед.

Ријад Марез стана прв играч уште од далечната 1958-ма кој постигнал хет-трик во оваа фаза од ФА Купот, најстариот турнир на светот:

 

22 април 2023 - 22:42