Спектакуларна партија на Џими Батлер за рекорд

Кошаркарите на Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс се на прагот од пласман во полуфинале на Истокот и Западот во НБА лигата. И двете франшизи стигнаа до трет триумф над Милвоки Бакс односно Мемфис Гризлис. Мајами со 119-114 го урна Милвоки во партија која што ја одбележа лидерот Џими Батлер со дури 56 поени! Рекорд во клупската историја на Мајами Хит кој не го поставил претходно ниту Вејд ниту Леброн Џејмс.

Ова е четврт рекорд на апсолутната вечна листа на најдобри плејоф поентерски учиноци. Повеќе поени на еден плејоф меч дале само Мајкл Џордан, Елџин Бејлор и Донован Мичел, а Џими Батлер е пред легенди како Чарлс Баркли, Вилт Чемберлејн, Леброн Џејмс, Ален Ајверсон, Рик Бери и други.

Лидерот на Мајами Хит имаше уште и 9 скока и 2 асистенции за 41 минута на теренот:

Српскиот репрезентативец од Мајами Хит Никола Јовиќ се чудеше кога ја виде статистиката на Џими Батлер на еден од последните тајм-аути пред крајот:

 

25 април 2023 - 11:57