Маестралната партија на Раде за 10

Тренерот на Милан Стефано Пиоли после големиот пласман во 1/2 финале на Лига на шампиони, за мечот со Наполи изјави дека никогаш не издвојува поединци но дека Раде Круниќ бил неверојатен вечерта.

Скаут анализа на Твитер корисник потврдува колку топки пресече Круниќ, колку дуели доби, колку контри спречи, колку напади на Наполи блокираше.

Фасцинанто за Раде Круниќ е што овој 29-годишен фудбалер во кариерата од Сутјеска Фоча преку Доњи Срем стигна до Верона во 2014-та за да следната 2015-та се врати во Србија и игра за Доњи Срем и Борац Чачак.

Во 2015-та оди во Емполи каде блеснува и заработува повик за Милан. Со росонерите освојува шампионско скудето и стигнува до полуфинале на Лига на шампиони каде сега ги чека градскиот ривал Интер.

Во вторникот вечер на стадионот „Диего Армандо Марадона“, фудбалерот од Фоча ја одигра најдобрата партија во кариерата. Како последен играч за врска меѓу одбраната и средниот ред, Круниќ имаше безброј лизгачки стартови, ги удвојуваше противниците, блокираше шутеви пред самиот гол на Милан, трчаше неуморно, ја исфрлаше топката што подалеку од својот гол и имаше дури 95% успешни додавања (29/30).

„Раде ја чита играта како ретко кој друг играч, како во напад така и во одрбана. Тој е многу важен за нас, среќен сум што сега тоа го забележуваат и другите. Му требаше време, да се игра за Милан е голема работа, висок чекор. Потребно е да се издржат одредени притисоци, посебно од карактерна гледна точка, а ние успеавме во тоа“, вели тренерот на Милан за новиот јунак на навивачите на кои не им беше јасно зошто Паоло Малдини одвоју 8,6 милиони евра за него да го доведе од Емполи во 2019-та.

20 април 2023 - 14:48