Гвардиола: Емотивно сум уништен, ми се скратија 10 години од животот

Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.

„Не беше воопшто удобно. Емотивно сум уништен. Ми се скратија 10 години од животот. Сега морам да се релаксирам, на момците да им дадам слободен ден, па да се спремаме за Лестер. Знам точно што треба да направиме на реваншот. Ако не се претставиме добро, тие може да постигнат, еден, два, три гола. Го знам тоа и играчите го знаат. Бев таму три години. Ова е неверојатен резултат но треба да одиграме меч со голем карактер. За да ги исфрлите овие тимови треба да имате два добри натпревари, а не само еден“. 

12 април 2023 - 09:40