Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.
Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.
Па пауза од 746 дена и вкупно 78 натпревари судиите во Шпанија го досудија првиот пенал над Барса во Ла Лига, на гостувањето против Лас Палмас кое заврши 1:1. Но никој не знае зошто.
Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.
Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.
Меѓу илјадниците навивачи кои беа во исчекување дали ќе се игра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас, имаше и двајца нашинци кои немаа среќа туристичкото разгледување на преубавата метропола да го крунисаат со фудбалски меч и да го видат Меси во живо.
Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.
На многу клубови во Ла Лига летово им претстои ремонт во играчкиот, но и во тренерскиот кадар. Главен кандидат за нов тренер на Барселона е Ернесто Валверде од Атлетик кој би можел да направи тотален домино ефект во цела лига.
На само две минути од почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Лас Палмас и Депортиво во Шпанија, се вклучија или подобро кажано некој ги вклучи прскалките на сред терен па судијата мораше да го прекинува мечот.
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.