Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.
Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.
Барселона која што во недела во Мадрид ќе игра во финалето на Копа дел Реј против Севиља, ја поздрави одлуката на судот во Мадрид да ја поништи владината одлука со која се забранува истакнување каталонски знамиња, но од Мадрид најавуваат нови мерки.
Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
По грандиозниот гол против Баерн во првиот полуфинален меч од ЛШ синоќа, 21-годишниот играч од средината на Атлетико ја заинтересира јавноста за неговите почетоци.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Ако во убавиот и мирен Сан Себастијан му било дозволено од диско да дојде на утрински тренинг, во Атлетико Мадрид се случувало Чоло Симеоне да го пушта под камен студен туш после тренинг на кој не се залагал доволно.
Португалецот постигна три гола и најзаслужен е што Реал Мадрид ја анулираше предноста од 2:0 на германскиот претставник. На вториот меч, Манчестер Сити обезбеди историско полуфинале откако со 1:0 го совлада Пари Сен Жермен на Етихад.
Дали би поверувале ако некој ви каже дека Барселона цели 9 години нема победа во еден град? Каталонците викендов шести пат по ред со спуштена глава го напуштија Сан Себастијан, градот на културата во Европа за 2016-та.
Ла Масиа не е во опаѓање со вадење таленти, а тоа го докажува детево кое веројатно за неколку години ќе стане славно име на Камп Ноу. Така барем покажуваат снимките на кои се издвојува и кој покажува дека Барселона ќе прави смена на генерации од својата академија.
Прекрасната сезона на Аспиринџиите во која победуваа секој и секаде заврши неславно затоа што во рок од две недели загубија во клучните битки на сите три фронта и не освоија ниту еден трофеј.
Немаме инфо колку нашинци успеале да ја запознаат фудбалската величина која почина пред два дена, но знаеме дека Перула Костовски кој живееше во населба Козле му судеше во финалето на Лигата на шампиони. Фотографии од него ни даде Ивко Панговски.
Во случај Бјанконерите да отидеа понатаму, италијанската Серија А ќе ѝ се приближеше на Премиер лигата во рангирањето на УЕФА и ќе можеше да смета на евентуално место плус во Лигата на шампионите.
На 11 кола до крајот на сезоната во Серија А сè е отворено што се однесува до врвот. Јуве има два тешки меча плус градско дерби, Наполи треба да се соочи со Интер и Рома, а Џалоросите имаат најтежок календар до крајот.
Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.
Уште епизода од нокаут фазата во Лигата на шампионите која е од поновата историја. Ливерпул повторно е во главна улога, а од другата страна е Реал Мадрид кој го доживеа еден од најтешките порази во елитното натпреварување.
Иако е најкраток, кога ќе видите што сè има од фудбал во февруари ќе ви се види како најсладок. Ни следува ударна доза на дерби средби во Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига и Серија А, а почнува и нокаут фазата од Лига на шампиони. Прекрасно.