Во последните 11 кола во Серија А ќе гледаме седум дуели меѓу екипите од првите шест места на табелата кои би требало да бидат клучни за местата во европските купови. Има и две градски дербија, а 35 коло носи битки меѓу првите четири на табела.
Календар до крајот на сезоната со најинтересните дуели и потсетување на резултатите од првите средби.
28 коло, 4 март 2016
Рома – Фиорентина 2:1
Фиорентина тогаш беше прв на табела, но по завршувањето на мечот си ги сменија местата со Рома. Стрелци за тимот од Рим беа Џервињо и Салах, а Вилетовите од 11 шанси за гол искористија само една на крајот преку Калиниќ. Рома со Спалети фати ритам, а доколку Фиорентина одигра како против Наполи мечот ќе биде крајно неизвесен. Дуелот значи и битка за трето место бидејќи и двете екипи имаат исто бодови.
30 коло, 19 и 20 март
Рома – Интер 0:1
Торино – Јувентус 1:2
Уште еден дуел за Рома кој ќе биде многу значен во борбата за трето место. Интер со голот на Медел ја доби првата битка, а на Олимпико повторно ќе брка позитивен резултат бидејќи и нивниот императив е излез во Европа. Наполи тоа коло игра дома со Џенова, додека Јуве и покрај тоа што влегува како фаворит против Торино, градските дербија секој носат неизвесност и возбуда.
31 коло, 3 април
Лацио – Рома 0:2
Римското дерби е мечот на сезоната за двете екипи. Лацио ќе сака да се одмазди за првиот дуел, а Рома ќе се обиде да собере што повеќе бодови со тешките противници кои ги очекува во последните 11 гола.
32 коло, 10 април
Милан – Јувентус 0:1
Мечот го реши Дибала. Михајловиќ сè уште ги бараше идеалните 11, а за Јуве тоа беше трета победа по ред во победничката низа од 15 триумфи. Сега и двете екипи се во подобра форма и тоа се очекува да биде тешка битка за двете екипи.
33 коло, 17 април
Интер – Наполи 1:2
Овој меч ќе биде голем испит за Наполи кој по пет кола во кои има противници од долниот дел на табелата. Првиот дуел се памети по Игуаин и задоцнетата реакција на Интер.
35 коло, 24 април
Фиорентина – Јувентус 1:3
Рома – Наполи 0:0
Ако табелата биде како што е сега, тогаш без сомнение ова коло може да биде клучно за првите места. Двете екипи кои се на делба на третото и четвртото место во битка со првите две.
38 коло, 15 мај 2016
Милан – Рома 1:1
Последно коло кое потсетува на ланскиот директен дуел за Лига на шампионите меѓу Наполи и Лацио кој со голема драма заврши 2:4. Овој дуел повторно може да одлучува за тоа трето место.