Кога веќе ги фати сафра во карантин, голем дел од фудбалерите безделничат: жонглираат тоалетна хартија, играат некои глупи танци или се глупираат. Само Џејмс Милнер е прав пример.
Парадоксална е таа нивна професија: за да стигнат таму каде што другите не можат, тие не можат да мрднат од своите тесни безвоздушни комори. Астронаути даваат совети како да се прегрми изолацијата и притоа да се сочува памет.
Починал дома во Џорџија, на 81 годишна возраст, од природна смрт. Една негова, пригодна за времево во кое живееме, со Шина Истон:
„We've got tonight, who needs tomorrow...“
Насекаде низ светот, па и кај нас, очајните времиња подразбираат очајни мерки. На пример држење настава онлајн, дури и за оние кои никогаш тоа не го пробале, ниту пак го сакаат.
Една од главните особини кај тренерите во Премиер лигата е ракувањето, кое речиси е задолжителна пракса. Оле Гунар Солскјер мислеше дека таа култура е иста и во Лига Европа, како на пример кај Филипе Клемент од Клуб Бриж.
Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Глупердата од тенисер кој повеќе е познат како глуперда отколку како тенисер, сакаше пак да се направи интересен и за чудо успеа да ја насмее публиката. Жртва му беше Надал. Ова можеби некако ќе му пројде за разлика од тоа со бананата, ама пак е глуп.
Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.
Роџер Федерер, Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и многу други тениски ѕвезди учествуваа на ревијалниот меч Rally For Relief (Собир за утеха) на кој играчите и навивачите донираа средства за помош во борбата со пожарите во Австралија. АТП соопшти дека играчите донирале вкупно 384.000 фунти.
Некои идни толкувачи на културата сигурно ќе се обидуваат да најдат можни врски помеѓу ликовите и делата на славните музичари кои нè напуштија годинава, во потрага по „цајтгајст“-от на нашава епоха. За да им ја олесниме работата, направивме мешап од нивни стихови.
Најдобри филмови, најдобри книги, најдобри албуми и најдобри песни, добиени како просек од сите (што дошле при рака) топ 10 листи за 2016 објавени периодов.
Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.
Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?
По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.
На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.
Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.
Во рубрикава често сме пишувале за академски плагијати, објавување чисти глупости како висока наука и, последно но не и најмалку важно, софтвер за генерирање случајни стручни статии. Ама ова е и за нас ново - научен труд напишан со опцијата „аутокомплит“.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.
Бизнис светот неделата ја почна со информацијата дека Волмарт го купува конкурентот на Амазон, Џет (jet.com), за над 3 милијарди долари. Тука некаде и кулминира приказната за 29-годишниот Ерик Мартин, кој од понеделникот стана милионер.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.