Американската професорка на која ѝ се суди за сексуални односи со нејзини ученици, родителите на едно од момчињата кои покренаа тужба против неа ги потсети дека додека таа го подучувала дечкото, тој ги поправил оценките во школото.
Во време кога градот им се распаѓа, улиците се полни со ѓубре и криминал а на младите им се нуди радосна забава и безгрижност, четворица маалски ајвани на кратко излегуваат од задимениот CBGB и влегуваат во студио. Таму нема да се задржат долго ама ќе траат до денес, иако сите од нив веќе се одјавија.
И многу јасно... секој си ја сака земјава ама ти да си ги осудиш децата и фамилијата да ги утепуваат едни те исти хоштаплери и криминалци кои ќе си се ротираат и ќе ни пружаат јак секс на по неколку години – тоа тешко!
Поротата во Флорида одлучи дека Гавкер треба да му исплати 140 милиони долари на Хулк Хоган за прекршување на приватноста, заради објавување на приватно секс видео на поранешниот кечер. Отштетата е 40 милиони долари поголема отколку што Хоган побара.
Панкот одамна е мртов и тоа на најбизарен начин го потврди британската кралица која ја прогласи 2016-та за година на панкот (поголем сарказам од тоа нема). Но, мора ли и спомените од него да завршат в пепел?
Што се однесува до експертите за јавно здравје, ним им останува уште да пробаат да одат од стан до стан и на секој човек посебно да му кажат да престане да троши пари на суплементи (витамини, мултивитамини и слично здравје во шишенце).
На телевизија нема да има хомосексуалност, нема да има прељуба, секс за една вечер, покажување деколте, ниту пак реинкарнација, затоа што сите овие работи ја "истакнувале темната страна на општеството."
Приказната е дека тинејџерот, инаку гејмер, добил награда да пројде еден месец во хотелска соба со руска порно ѕвезда. Дечкото има 16 години, а наградата ја добил по основа на тоа дека играл Каунтер Страјк. И ништо од ова не ви беше сомнително?
225 илјади универзитетски студенти во Британија имаат свој спонзор (sugar daddy) кој им покрива најразлични трошоци вон факултетот, тврди за БиБиСи компанијата што ја има водечката апликација за спојување на постари мажи со млади девојки.
Две статистики. Прва - 42% од татковците родени по 1980-та се чувствуваат истрошени од постојано балансирање меѓу работа и приватен живот. Втора - 40% од луѓето во долги врски ќе имаат афера. Бонус, 56% од мажите што изјавиле дека имаат афера се среќни од својот брак.
"Пред некое време бев на забава на која петмина фраери си збореа за теретана, кардио и трицепси.... Поинтересни муабети за бебешки какања имам слушано од тоа".
Порно платформата Порнхаб изготви глобална мапа за тоа во кои земји за колку време се постигнува оргазам. Мили наши браќа и сестри, како и за Илинденското востание, избрзувате.
На последната дебата меѓу демократите, Берни Сандерс доби прилика каква што овдешен политичар во предизборие би ја зграбил со две раце и не би ја пуштал: шанса пред десетици милиони гледачи да ги коментира сексуалните скандали во семејството на неговиот политички противник. Но, Берни е поинаков.
Четири години по ред најгуглана личност во Индија е Сани Леоне, истата која десет години по ред е една од најактивните девојки во американската порно индустрија. Ќерката на индиски имигранти во Канада, одлучи да се врати во Индија за да започне филмска кариера во Боливуд, каде дури и бакнувањето пред камера претставува табу.
Само два дена пред од гаќи да нè извади веста за смртта на Дејвид Боуви, на сајтов ги објавивме неговите одговори на познатиот Прустов прашалник во кои тој ги покажува сите свои чудесии и убавини на неговата неконвенционална мисла. Како помина таа статија? Рамно осум (со бројка 8) Фејсбук споделувања. Два дена потоа, сведочиме за едно масовно "Eдно Боуви имаме, во душава го носиме".