„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Неговиот пат лесно може да се каже дека бил трнлив. По раната смрт на татко му Хамлет кој бил познат фудбалер, Хенри ветил самиот на себе дека ќе го продолжи неговото дело.
Бразилскиот репрезентативец Фред е суспендиран на една година, откако паднал на допинг тест во јуни годинава за време на мечот од Копа Америка во Чиле, пренесува Newax.com.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.
Младинците на Шахтјор Доњецк во петок ќе играат на Фајнал фор на младинската Лига на шампиони против Андерлехт. Тренираат и играат далеку од градот кој со месеци е воена зона во Украина и веруваат дека можат барем за кратко да ги израдуваат сограѓаните.
Со реванш натпреварите од осмина-финалето, вечерва продолжува елитната Лига на шампиони. Челси и Баерн Минхен имаат поволни резултати, но не и гарантиран пласман понатаму против ПСЖ односно Шахтјор.
Иако беа фаворити фудбалерите на Баерн Минхен кои околу половина час играа со фудбалер помалку не успеаа да ја затресат мрежата во Доњецк. Нерешено беше и на Паркот на принцовите, каде ПСЖ се врати по негативата од 0:1 и потоа пропушти зрели шанси за пресврт.
ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.
Донбас Арената во Доњецк која беше отворена пред шест години, за сега е само напуштен објект кој беше два пати гранатиран и каде за малку ќе загинеше мало дете.
Зависниците од ЛШ конечно ќе можат да уживаат во продолжението од најелитното клупско европско натпреварување. По долгата зимска пауза, најдобрите 16 екипи од Европа од утре почнуваат да се борат за влез во следната рунда.