Осминафиналниот празник за очи стартува со вкупно четири натпревари во вторник и среда и уште четири следната недела, а реваншите ќе се играат за 15 дена. ПСЖ уште го пречекува Челси, а Баерн ќе гостува во Украина против Шахтјор. Во среда се играат дуелите Шалке - Реал Мадрид и Базел - Порто.
ПСЖ годинава играше убедливо само во ЛШ. Во домашното првенство одигра многу нерешени средби и не победува лесно како лани. Среќна околност по Парижаните е што ниту „кашлаат" и Лион и Марсеј, кои се директни конкуренти на „светците" за титулата. ПСЖ не е во врвна форма, а тоа го покажа со нерешените 2:2 против Каен во саботата, иако имаат предност од 2:0 со головите на Ибра и Лавеци.
Од друга страна, Челси и Мурињо доминираат во Премиер лигата и од коло во коло се поблизу до титулата.
Челси е фаворит, но следните 180' минути ќе покажат дали ПСЖ може да парира без неколку повредени првотимци (Јохан Кабаје, Маркињос, Лукас Мура, Серж Орие, Хавиер Пасторе). На последните две средби од групната фаза лани, двете екипи славеа по еднаш. ПСЖ победи лани во февруари 3:1, а Челси во Лондон победи 2:0.
На вториот натпревар утре вечер, Баерн Минхен е голем фаворит против Шахтјор Доњецк. Украинското првенство уште не е почнато, како и секоја година стартува нешто подоцна, така што Шахтјор во последните два месеци играше само пријателски натпревари.
Гвардиола добро ја темпираше формата на играчите, кои стартуваа во Бундес лигата по зимската пауза. Победата од 8:0 викендов против Хамбургер покажа дека Баерн ставил во петта брзина. Баерн и Шахтјор немаат меѓусебни дуели во оваа фаза од ЛШ.
Во спортската среда Реал му гостува на Шалке, по саботниот триумф над Депортиво 2:0 со головите на Иско и Бензема. Кралевите имаат одличен учинок против германскиот состав, кој загуби од Франкфурт 1:0 викендов. Во две средби од групата минатата година, Реал му даде девет голови на Шалке (3:1; 1:6).
Германците играат во променлива форма во првенството. На последните пет натпревари, еднаш изгубија, два пати победија и одиграа нерешено против Баен Минхен. Нешто поизрамнет треба да биде вториот натпревар во среда вечер каде Базел и Порто се надеваат дека можат до следната рунда.
На последните четири натпревари од португалската лига, Порто постигна 12 голови, а прими само еден во четирите победи. Базел славеше на три од последните пет средби. Даде 9 голови, а прими шест.
Ако сте нетрпливи за утрешниот билтен, натпреварите од ЛШ може да ги типувате тука. Ако тоа не ви е доволно, можете уште веднаш да ги типувате и сите 16 нокаут средби од Лига Европа кои се играа в четврток.
Следната недела се играат останатите осминафинални дуели: Јувентус - Борусија Дортмунд, Манчестер Сити - Барселона, Арсенал - Монако и Леверкузен - Атлетико Мадрид.