Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Од вторникот секој политички или воен лидер кој ќе нареди инвазија на странска земја ќе се смета за виновен за агресија, и ќе подлежи на казна од меѓународниот кривичен суд во Хаг.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.
Народниот пратеник од партијата БПП (Блок Петро Порошенко) и претседател на фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко се најде во центарот на скандал откако ѝ дал на ќеркичката да игра со пехарот од ЛШ.
Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.
Халбе Зелстра своевремено тврди дека Владимир Путин пред него зборувал за руските експанзионистички амбиции за време на една средба во 2006. Во понеделникот холандски весник објави дека ваква средба никогаш немало. Денес, холандскиот шеф на дипломатијата си поднесе оставка.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.
Додека на рускиот лидер му недостасува каква било стратегија, неговиот американски колега е краток на нерви. Тие играат две сосема различни игри и следат различни правила.
Ништо од тоа што Путин го кажа на говорницата на ОН не наговестуваше дека тој ќе почне со бомбардирање во Сирија, ниту пак дека ќе се повлече од фронтовите во Украина. И баш тоа го направи. Два дена подоцна. Во ист ден.
Една линија од државотворниот ПР на Владимир Путин е да ги враќа моштите од славните Руси и да ги презакопува во родната грутка. Демек, сите Руси во иста држава, без разлика на нивната моментална здравствена состојба. Во последниот случај загризаа преголема коска, онаа на Рахмањинов.
Месецов пред 24 години, советските радикали, очајни да ја спречат започнатата демократска транзиција на земјата, го уапсија Михаил Горбачов и прогласија воена состојба. Mилиони демонстранти излегоа на улиците. Клучните елементи на армијата одбија да се приклучат на државниот удар и тој наскоро пропадна - а по него следуваше и Советскиот сојуз.
Во почетните години од своето владеење на Путин му требаше почит за да ја одржи власта, па беше крајно внимателен и ги обработуваше Блер и Буш. Сега му треба перцепција дека Русија е под опсада, па му требаат непријатели, појаснува Каспаров.
САД почна срамежливо да признава дека ја има преценето својата сила околу Украина, па помирувањето со реалноста е најдобрата можна политика, пишува Патрик Смит во текстот за Салун.
Западниот пристап кон Русија се заснова на претпоставката дека постојаниот притисок врз државата ќе го натера режимот на претседателот Владимир Путин да направи отстапки, па дури и да го собори. Ништо не може да биде помалку точно од ова.
Да се разбереме, фин Путин не постои, и сегашниот Путин е стварно ужасен човек. Меѓутоа ако замислиме хипотетички Путин кој е најфината можна верзија на Путин, неговите постапки нема да бидат ништо поразлични отколку оние на сегашниот.
Моментално има валута што е во слободен пад, економија која рапидно се намалува и држава која е под меѓународни санкции, ама од негова перспектива, цело ова време Путин победува.