Во интервју за Њузвик, Каспаров објаснува дека Путин во 2008-ма имал шанса да си замине од власта, ама наместо тоа тој останува, "и сега како диктатор тој е заробен на власт."
Тој го објаснува Путин како "опортунист, а не стратег. Тој е како играч на покер на кој му е поделена среќна рака. Тој од старт беше човек на КГБ и е горд на тоа. КГБ не е филантропска организација. Ако дете сонува да му се приклучи на КГБ, тогаш тоа треба да те загрижува."
Процената на Каспаров е дека Западот на големо го има потценето Путин, а што се однесува за ситуацијата во Украина, негова прва препорака е Западот да почне да ја вооружува земјата, и да се однесува исто како што НАТО би се однесувал кога Путин би ја нападнал Латвија или Естонија.
На тема ИСИС, Каспаров тврди дека тоа не е никаков предизвик и дека организацијата може инстантно да биде уништена. Овој став му се базира на тоа што за разлика од Авганистан, ИСИС во Сирија и Ирак го нема истиот терен и планини што муџахедините и талибанците успешно го користеа во борба против СССР а потоа и против Американците.