Покрај финалето од македонскиот кошаркарски куп, денес на програмата е последниот дуел на Металург од ЛШ, како и редовното коло во најдобрите европски фудбалски лиги и натпревар од НБА лигата.
По ланскиот епски триумф против европскиот првак Хамбург, македонскиот вицешампион му одржа ракометна лекција на уште еден бундеслигаш. Овој пат на колена е гигантот Рајн Некар, кој втор пат сезонава не можеше да излезе на крај со момците на Раул Гонзалес.
Кошаркарите на Работнички ќе играат против Кожув во финалето на македонскиот кошаркарски куп, откако вечерва со 76:63 го совладаа Куманово. За центарци тоа ќе биде шанса за осми трофеј од Купот во историјата, а Гевгеличани ќе играат за првиот пехар.
Кошаркарите на Кожув направија големо изненадување на почетокот од 23. издание на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа МЗТ во Скопје 75:74 со тројката на Пековиќ во последната секунда.
Спортската понуда во сабота е полна со фудбалски натпревари, а за љубителите на кошарката на програмата се двата полуфинални натпревари од македонскиот куп. Денеска има и ракомет, ски скокови и тенис.
Предстојниот викенд ќе се одигра 23. издание на кошаркарскиот куп на Македонија. Актуелниот шампион МЗТ Скопје ќе биде домаќин на Работнички, Куманово и Кожув. Ново вечно дерби во најава?
Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.
Како вовед на секогаш богатата спортска понуда за викенд, денеска имате за гледање четири фудбалски натпревари, тенис, ски скокови и меч од НБА лигата.
По четирите натпревари со кои се отвори Лигата на шампионите, вечерва на програмата се враќа и Лига Европа. Четврток е предвиден и за кошаркарските купови во Европа.
По првите девет кола Роналдо експлодираше со 17 голови. Но од последниот меч за 2014-та против Алмерија до сега, на осум меча има постигнато само четири голови, а за него тоа е малку, нели?
Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.
Одигра 181 натпревар за тимот од „Олд Трафорд“, а сумата која ја платија Црвените ѓаволи за него ветуваше дека ќе добијат екстра засилување во среден ред. Сега има 26 години и се наоѓа во зенитот од кариерата, но по само половина час игра побара замена.
Со вчерашните дуели се отвори пролетната сезона во ЛШ, а елитното натпреварување продолжува вечерва со натпреварите Шалке - Реал Мадрид и Базел - Порто. За 180 минути синоќа паднаа само два погодоци, а вечерва ќе играат исти ривали од лани.
Надлежните (IETF HTTP Working Group) и официјално ја финализираа следната верзија на HTTP, која сега чека да го мине процесот на одобрување пред и официјално да стане стандард.
Иако беа фаворити фудбалерите на Баерн Минхен кои околу половина час играа со фудбалер помалку не успеаа да ја затресат мрежата во Доњецк. Нерешено беше и на Паркот на принцовите, каде ПСЖ се врати по негативата од 0:1 и потоа пропушти зрели шанси за пресврт.
Светскиот боксерски шампион од Филипини изјави дека големата битка меѓу него и Британецот е сè поблизу, затоа што Пакијао прифатил да оди на тест за недозволени супстанци неколку дена пред борбата, а не месец дена пред дуелот, што беше главниот услов на Мејведер.
ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.
Ракометарите на Металург очекувано забележаа висок пораз од германскиот гигант со 35:16, но успеаа да ја избегнат најслабата ефикасност која ја имаа против Кјелце.
15. ден од февруари на програмата ги носи ракометните дуели на нашите претставници во Европа, фудбал од најдобрите европски лиги, како и кошаркарска АБА лига.
Со голема самоувереност и цврста игра, ракометарите на Вардар победнички ги завршија натпреварите на домашен терен во групната фаза и на едно коло до крајот се уште поблиску до втората позиција во групата.
Спортската сабота е стандардно богата со фудбалски натпревари. За тие што сакаат да гледаат ракомет, Вардар игра претпоследно коло од групната фаза во ЛШ, а на програмата имате скијање и Ол стар натпревар во НБА.
Ќе ризикува ли Ливерпул со ровитиот Даниел Стариџ, може ли Брадфорд до уште едно чудо и што има во продавницата на Арсенал и Лестер? Одговор на овие прашања ќе донесат натпреварите од ФА купот кои се играат викендов.