Понеделничката понуда изненади со богата фудбалска програма во која ви предлагаме англиско и турско дерби, натпревари од шпанско првенство и прегледи со голови.
Македонската кошаркарска репрезентација, на коло пред крајот обезбеди пласман на континенталниот шампионат, откако вечерва по втор пат ја совлада Данска, но овој пат многу поубедливо со 80: 46. Тоа ќе биде петто последователно учевство за Македонија на Европските првенства.
Од спорт на тв, денес ви го препорачуваме претпоследниот квалификациски дуел на нашите кошаркари за Еврошампионатот во Украина, потоа трка од Формула 1 и неколку фудбалски натпревари меѓу кои настапот на Николче Новески со Мајнц.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Крижевски го одреди списокот на играчи кои ќе настапат на Мундијалот кој почнува на 30. август.
Од спорт на тв за денес ви го препорачуваме 28. издание на охридскиот пливачки маратон од Св.Наум до Охрид и уште неколку првенствени фудбалски натпревари од кои дел ја стартуваат новата сезона.
Фудбалерите на Стјарнан од Исланд имаат само теоретски шанси за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи на првиот плеј-оф меч на домашен терен против Интер, загубија со 3:0.
Како увертира на тоа што следува викендов, од спорт на тв за денеска ви најавуваме три фудбалски натпревари, меѓу кои реванш финалето од шпанскиот Супер куп.
Во 1985-та Ана Винтур станува уредничка на британскиот Вог, 3 години подоцна ја префрлуваат на истата позиција ама на американското издание. Речиси 30 години подоцна, не е мрдната од таму.
Минатата сезона фудбалска Европа доби уште една потврда дека не е се' во парите, а главен показател за тоа беше мадридскиот клуб Атлетико, кој со колективна игра и строг тренер ги собра симпатиите на неутралните навивачи. Сезонава Симеоне со малку изменет состав повторно ќе им пркоси на гигантите.
По вчерашните возбудувања, за добар резултат пред реваншите, вечерва во плеј-оф мечевите од ЛШ ќе се борат Алборг – Апоел, Марибор – Селтик, Лил - Порто, Стандард Лиеж – Зенит и Слован Братислава – Бате Борисов.
Од спорт на ТВ денеска ви го препорачуваме четвртиот квалификациски меч на кошакркарите на Македонија, како и останатите плеј-оф средби од Лига на шампиони каде ќе го гледаме Агим Ибраими.
Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.
Во 1960-та по матурирање Мухамед ал-Талбани почнува бизнис со рачно произведени благи од сусам и кокос. Тој се развива низ децениите и во Газа гради фабрика вредна 30 милиони долари, која за Рамазан треба да го снабди пазарот со благо. Кратко пред празникот почнува најновиот судир и фабриката на ал-Талбани е срамнета со земја.
Тргајќи од старата кинеска поговорка "нема нешто што човек не би направил за 30 минути кредит за мобилен," во Пекинг се инсталирани машини кои вашето ѓубре го трампаат за припејд минути.
Понеделничката понуда со спорт не е богата, па затоа ви предлагаме да се изнагледате голови во прегледот од силните европски лиги, како и некој останат фудбалски меч и малку атлетика.
Припадник на секцијата Лас Антенас починал во болница откако бил застрелан, по судирот меѓу две спротивставени фракции на аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго. Повредени се уште четворица навивачи на клубот кој е познат по црната хроника.
За овој викенд од Спорт на ТВ ви го предлагаме ракометното скопско дерби, полуфиналињата во Синсинати во тенис, ЕП Атлетика, како и натпревари од првото коло во Премиер лигата и второ коло француско првенство.
Викендов, со натпреварот Манчестер Јунајтед – Свонси (сабота, 13.45ч) ќе стартува лигата поради која после ручекот, ги бркаме девојките или жените во другата соба, легнуваме во сабота и недела закотвени пред ТВ и не мрдаме од кревет. Освен ако не одиме на поправно до кладилница.
Од богатата петочна спортска понуда ви ги издвојуваме настапите на Вардар и Металург во Струга, четвртфинале тенис во Синсинати, Европско првенство атлетика и неколку фудбалски натпревари.
Натпреварот меѓу Рајдерс и Коубојс требаше да биде пријателски, но само еден груб старт го расипа карактерот на мечот кој се претвори во тепачка со 30 играчи.
Новата сезона во НБА лигата, нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, додека претходната вечер на 28 – ми, во дербито на колото Сан Антонио ќе го пречека Далас.
Лорен Бекол беше последната жива ѕвезда од 16-те славни личности кои се споменуваат во "Вог" на Мадона. Спотот за песната беше режиран од Дејвид Финчер и е посветен на златното доба на Холивуд.