Кинески државни институции и државни фирми се повеќе ги притискаат своите вработени да престанат да користат / носат Ајфони и други странски уреди на работа, што според Блумберг полека го отвара патот кон целосно блокирање на Епл и Самсунг на најголемиот светски пазар на мобилни уреди.
Луѓето во Газа се практично без интернет затоа што бомбардирањата на Израел ја уништија инфраструктурата, но затоа Европа има интернет. А во Европа еден од најголемите агрегатори на вести е германскиот Апдеј чии надлежни дале упаства да се форсира про-изралескиот поглед на состојбата во Газа и да се минимизираат вестите со цивилните палестински жртви.
Двата најголеми кинески брендови на мобилни телефони одлучија да ги прекинат сите спорови што ги имаат околу меѓусебното користење на патентите, и да си дозволат еден на друг слободно да ги користат патентите што им се потребни како би се пробиле во сегментот на премиум телефони.
Да, до таму одат спонзорските договори. Ѕвездата на Тотенхем Сон Хјунг Мин летово стана амбасадор на Самсунг и ако тој слика, мора в раце да држи телефон само од корејската компанија. Да го видиме примерот.
Осомничените не ги барајте само во паметните телефони и таблетите. Ниту пак меѓу комшиите кои можеби дремат со чаша на уво наслонета на вашиот заеднички ѕид. За паранојата да биде поголема, помислете на вашиот нов телевизор, или смарт звучници, па дури и машина за перење.
Две занимливи листи за тоа кои биле првите производи на денес познати брендови и за тоа на кој производ колку време му требало за да стигне до 50 милиони корисници. Ќе започнеме со Сони и нивниот готвач за ориз а ќе завршиме со Порнхаб и нивните 19 дена.
Локален функционер од Индија наредува, затоа што му се може, една брана од неговата околија да биде испразнета за тој да може да го најде мобилниот телефон што му паднал во водата.
Џулијан Асанж скапува во самица. Драматично ослабнат, често под силни седативи, претрпе мал срцев удар, му се одбиваат медицински третмани и гледања со адвокат, забележан е како халуцинира и ја мава главата во ѕид. Крис Хеџис вели дека она што му се случува е класична егзекуција, само што се реализира во слоу моушн. Така е и планирано.
Светот живее во постојано менување. Промените се дел од секојдневието . Техномаркет е компанија која речиси 25 години се грижи да се задржи чекорот со новите технологии нудејќи ги на пазарот производите од најдобрите светски брендови.
Основоположник на финтек индустријата во Р.С.Македонија е компанијата М КЕШ Македонија, која е дел од Менаџмент Фајненшл Груп (МГФ) која обединува водечки даватели на небанкарски финансиски услуги во Централна и Источна Европа.
Најдобрата понуда во мобилната телефонија со неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, најсовремени телефони и супериорна услуга на најбрзата мобилна мрежа се само дел од поволностите што ги добиваат корисниците на А1 Македонија во септемвриската промоција.
Неговата оставштина ја споредуваат со таа на Пикасо, во Америка е King of fashion, во Париз е Le Magnifique. Ги ослободил жените од корсети, доминирал во Убавата епоха со богати парчиња и бил прв француски кројач што комерцијализирал сопствени парфеми, што сега е стандарден маркетиншки концепт во индустријата.
Можеби најубава приказна од овие Олимписки Игри во Токио е онаа на Фејт Кипјегон од Кенија. Таа со нов рекорд го освои златниот медал во трката на 1.500 метри и го одбрани златото освоено на претходните ЛОИ во Рио.
На 17 години Вики Сарфати влегува во брак со маж кој ќе стане најбогатиот банкар на светот. Пет децении подоцна, таа и нејзините деца се чувари богатството на Сафра градено повеќе од 180 години од три генерации на четири континенти.
А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата атрактивна промоција за сите свои корисници кои ќе направат онлајн нарачка на тарифниот модел A1 Neon+.