Трактор Ламборгини и Колгејт свеќи

Две занимливи листи за тоа кои биле првите производи на денес познати брендови и за тоа на кој производ колку време му требало за да стигне до 50 милиони корисници. Ќе започнеме со Сони и нивниот готвач за ориз а ќе завршиме со Порнхаб и нивните 19 дена. 

Сони - готвач за ориз

Нокиа - тоалетна хартија

Самсунг - пиљара

Лего - дрвени играчки

Нинтендо - карти за играње

Најк - патики за трки

Ламборгини - трактор

Колгејт - сапуни и свеќи

ИКЕА - моливи

ЛГ - помада за лице

Тојота - автоматизиран разбој

Амазон - онлајн книжарница

БМВ - авионски мотор

Кока Кола - сируп

Форд- квадрицикл

ХП - аудио осцилатор

Хонда- велосипед

МекДоналдс - хот дог

Вригли - сапун и сода бикарбона

******************

Пазете колку им требало на различни иновации да стигнат до 50 милиони корисници:

Авио-линии: 68 години

Автомобили: 62 години

Телефони: 50 години

Кредитни картички: 28 години

Телевизија: 22 години

Компјутери: 14 години

Интернер: 7 години

Пејпал: 5 години

Јутјуб: 4 години

Фејсбук: 3 години

Твитер: 2 години

WeChat: 1 година.

*************

Порнхаб: 19 дена.

 

 

11 јуни 2023 - 11:43