Ракометарките на македонскиот првак не дозволија ново изненадување по она во првото коло кога Унгарките со реми заминаа од Скопје и вечерва во Унгарија го совладаа тамошниот шампион со убедливи 24:37 (12:21)
Македонската фудбалска репрезентација се соочи со висок пораз на гостувањето во Гранада. Избраниците на Игор Ангеловски загубија 4:0 во 4. коло од квалификацискиот циклус кој слободно можеме да го прогласиме за завршена приказна. 71% посед на топка за Шпанците.
Тренерското деби на Камара, довчерашниот помошник на клупата на Вардарки мина и повеќе од успешно откако македонскиот првак вечерва одигра атомски ракомет против првакот на Русија, Астрахоночка.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.
Ракометарките на Вардар ниту трет пат по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарки беа огромен фаворит, но загубија од дебитантот на Ф4, Букурешт 27:21.
Ракометарките на Вардар попладнево загубија 28:26 во формалниот реванш со Ларвик во Норвешка, но по 14-те голови предност во Скопје пласманот на четвртиот Фајнал фор по ред не се поставуваше.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.