Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Неоспорен факт е дека и играчите сносат голем дел од вината, ама менаџментот на ФФМ со својата индијанска политика на селекција на фудбалери според мене е најголемиот кривец за овој шамар.
Паоло Таљавенто кој беше дел од финалето во ЛШ меѓу Баерн и Борусија, е третиот познат италијански судија по Мацолени и Маса кои во скоро време ги гледавме на Филип Втори. Последниве години е подложен на многу критики за судењето, а неговото име се слушна и во аферата Калчополи.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и петтиот пораз во шестото квалификациско коло за Европско првенство во Франција. И во осмото соочување против Словачка нашата селекција не успева да победи.
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ денес го објави списокот на играчи кои ќе ѝ се спротивстават на Словачка во квалификациите.
Македонската фудбалска репрезентација за десет дена го игра петтиот квалификациски дуел за ЕП 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски го повика братот на ѕвездата на Челси, Немања Матиќ, Србинот Урош Матиќ кој неодамна доби македонски пасош.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.