Најверните навивачи на Вардар од петни жили се борат за своето чедо. Им многу тешко, ама резултатите кои ги остваруваат се видливи. Децата на Вардар ги вратија во своето катче.
Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.
Во вториот месец кој истекува од големата кампања на Комити за помош на Вардар со купување на годишна влезница од 1.000 денари, како да се нема слух за македонскиот спортски бренд. Со полн Градски играчите би добиле половина милион евра за функционирање оваа сезона во прва лига. Погледнете го видеото и замислете се.
Во овие мега тешки битки на Вардар кој е доведен во ситуација да моли за поддршка и пари, ќе се потсетиме на еден не така одамнешен, ама незаборавен и неизбришлив момент во нивната историја.
„Првите канцеларии на Вардар се во Офицерски дом. Значи гледате ли какво место имал Вардар? Во најрепрезентативната зграда во Скопје, Вардар имаше свои простории“.
Вардарци ја продолжуваат тешката битка со нови имиња, многу ветувања, малку исполнувања и премал одзив за исполнување на Градски со по илјадарче од човек.
Понудата им стигнала во сандаче од извесен Виктор Стојанов кој им ја напишал точната сума на пари за 51% од акциите на клубот. Комити одговараат дека не постои простор за дискусија со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет.
Не треба во никој случај да влегуваме во непотребни компарации со клубови од Премиер или Бундеслига. Доволно е само да се фрли око во регионот за да сфатиме до кај сме ние и колку сме назад.
Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.
Тренерот на Вардар, Бобан Грнчаров ги потсети фудбалерите на Вардар што значи за Скопје датумот „26 јули“ и го прекина тренингот за момент, за да им одадат почит на трагично загинатите.
За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.
ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.
По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.
Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.
ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.
По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.
Додека Сергеј Самсоненко беше таму, сè беше идеално. Кога Русинот си замина, сè се распадна. Клубот на крај го помагаа Комити, нешто побогати симпатизери на клубот, но и поранешни асови. 12 месеци им должеа плата. Како и да е, успеаа. Вардар е симбол на Македонија и македонскиот фудбал. И жив е.
Гачевски, Серафимов, Вецески, Глишиќ, Мишковски, Николовски, Јусуфи, Десниќ, Јаневски, Размоски, Цветаноски, Јовчев, Величковиќ - Радуловиќ, Дошев, Велковски, Цветков, Митев, Жоглев, Мицевски, Стојилевски, Папули, цел стручен штаб предводен од Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски и се разбира Комити. Тоа е екипата.
Тоа што од непознати и апсурдни причини ги ставија да играат во Кавадарци, не ги спречи славјето да го продолжат во центарот на Скопје. По големата поддршка на самиот бараж меч против Скопје за влез во Прва лига, Вардарци имаа пречек на плоштад. И тоа шампионски, со отворен автобус поминаа низ триумфална. Заслужено со оглед на сите срања низ кои поминаа.
Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се спортски херои на годината. Се фатија за ѓаволски тешка работа која ја вршеа 15 месеци без пари и со дрска и јуначка упорност поминаа низ сите тешки препреки за да и покажат на Македонија дека на бастионот не му е местото во втора лига.
Битка меѓу две скопски екипи од ваква важност да се игра во Кавадарци е апсурд по сите параметри. И коментаторите констатираа дека инфраструктурните капацитети на стадионот не задоволуваат за еден ваков натпревар. Причината е едноставна, знамето смета, не може да се гледа убаво на тв. Кај оди ултраси и камери на иста трибина?
Нецели 4 минути им беа потребни на фудбалерите на Вардар да го отворат резултатот на бараж пресметката против Скопје вредна промоција во прволигашкото друштво. Стрелец Дарко Размоски. Комити се во делириум.