Најтрофејниот македонски фудбалски клуб конечно се врати во својот дом, а тоа е тренинг базата во Хиподром, која од чудни причини не смееше подолго време да ја користи.
Образложението беше дека не била на клубот, туку во сопственост на Сергеј Самсоненко, па на сметка на тоа Вардар го деградираа да тренира по разни села како Марино и Кадино.
Ова е враќање на фудбалерите во нормала, барем што се однесува до условите за тренинг, иако за целосното функционирање има уште многу.
Институциите и натаму се глуви, бавни и анемични, како на пример Град Скопје, каде на совет беше изгласана парична помош од 15 милиони евра, која сè уште не им е исплатена.
Вака изгледаше тренинг базата на Вардар во Хиподром кога ја отворија во 2016-та. Да се надеваме дека е во исто руво.
Вардар три месеци чека одговор од УЈП, ПУИК, владата, како и 15 милиони денари од Град Скопје