Комити распалија со бакљи, подмладокот на Вардар се врати дома

Најверните навивачи на Вардар од петни жили се борат за своето чедо. Им многу тешко, ама резултатите кои ги остваруваат се видливи. Децата на Вардар ги вратија во своето катче.

Младинската школа на Вардарци именувана по легендарниот Кирил Симоновски Џина се врати на своето старо место во населбата Аеродром, спротив салата Јане Сандански.

Вардар доби концесија од општината и со тоа го отвори тренинг центарот наменет за децата кои ќе се калат во младинските категории водени од Влатко Колев, Марјан Герасимовски и Сашо Тодоровски.

11 кратниот првак на Македонија најавува враќање на стариот сјај на школата и сака да им даде можност да сите таленти да си ја исполнат желбата и да го облечат дресот на Вардар.

Децата кои се дел од школата одиграа меѓусебни натпревари, а Комити го зачија настанот со пиротехничко шоу.

Меѓу присутните можеше да се забележи и една од најголемите вардарови легенди, Кочо Димитровски кој е рекордер според бројот на настапи во Вардар.

 

19 октомври 2023 - 11:43